• Latest
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Смит: Путин не победува, две години во војна за која погрешно мислел дека ќе трае со денови

March 5, 2024

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Смит: Путин не победува, две години во војна за која погрешно мислел дека ќе трае со денови

March 5, 2024 09:34
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Оваа неиспровоцирана и неоправдана агресија нанесе огромен данок врз народот на Украина кој ги крши меѓународното право и човековите права со овој варварски напад врз суверена демократска држава, изјави вршителката на работите воамбасадата на Обединетото Кралство, Џулија Смит во своето обраќање на големата мултимедијална конференција под наслов „Украина – две години хероизам“, организирана од Амбасадата на Украина во соработка со македонската граѓанска организација ЦИВИЛ – Центар за слобода по повод две години од почетокот на целосната руска воена агресија врз Украина.

И покрај тоа, нагласи Смит, народот на Украина продолжи да издржува се што е фрлено врз нив. Но по огромна цена. Светот знае што е тука во прашање,

Таа смета дека доколку Путин успее да одземе територија од друга суверена држава на ОН, другите ќе забележат, а светскиот поредок ќе стане уште понестабилен.

Путин не победува. Две години во војна за која погрешно мислел дека ќе трае со денови. Колку подолго трае, толку повеќе страдаат луѓето од Украина и Русија. Војната може да заврши денеска доколку тој се повлече, категорична е Џилија Смит.

Според неа, во време на таква опасност и неизвесност во светот, не можеме да се изолираме од овие кризи. Нашиот одговор треба да биде сила, издржливост и единство. Треба да ја изградиме нашата одбрана, да останеме блиски со нашите најсилни пријатели и партнери и да допреме до нови сојузници.

Смит понатаму нагласи дека Обединетото Кралство, заедно со Северна Македонија, сојузниците во НАТО и другите беа решителни во својата поддршка за Украина и ќе продолжат да бидат така онолку долго колку што е потребно.

Ако не ја продолжиме нашата поддршка за Украина, постои многу реален ризик дека меѓународниот систем заснован на правила на кој се потпира голем дел од нашата безбедност и просперитет, ќе биде неповратно оштетен, вели Смит.

Таа посочи на фактот дека Обединетото Кралство сега обезбеди речиси 12 милијарди фунти воена, хуманитарна и економска поддршка за Украина и често беше првиот што ја носи виталната воена помош. Невоената поддршка на Обединетото Кралство за Украина од почетокот на инвазијата изнесува 4,7 милијарди фунти. Ова вклучува 4,1 милијарди фунти фискална поддршка и над 660 милиони фунти билатерална помош. Последниот пакет од 2,5 милијарди фунти го објави премиерот Риши Сунак во јануари оваа година.

Го воведовме најголемиот и најтешкиот пакет санкции што некогаш биле наметнати на Русија или на која било голема економија. И сега санкциониравме над 1700 поединци и ентитети од целосната инвазија на Путин на Украина на Путин, вели Смит.

И покрај тоа што многу земји и дадоа поддршка на Украина, таа смета дека оваа поддршка немаше да брои ништо да не беше извонредната храброст на украинскиот народ и нивната чиста решеност да се осигура дека нема да подлегне на тиранијата.

Отпорноста и цврстината на народот и вооружените сили на Украина се инспирација за сите членови на слободниот свет, нагласи на крајот од своето обраќање вршителката на должност во Амбасадата на ОК, Џулија Смит.

Д. Мишев

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска

Tags: амбасада на Обединетото КралствоГодини на хероизмотдве години војна во УкраинаконференцијаЏулија Смит
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ