• Latest

24 часа: Повикот за инфраструктурни проекти започнат, на потег се општините; 45,6 % вработени, 12,5 % невработени според ДЗС; синот на Бајден призна вина за неплаќање даноци

September 6, 2024

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 часа: Повикот за инфраструктурни проекти започнат, на потег се општините; 45,6 % вработени, 12,5 % невработени според ДЗС; синот на Бајден призна вина за неплаќање даноци

September 6, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Со одвоени 250 милиони евра на потег се општините – за што се работи?

На вчерашната прес-конференција министерот за локална самоуправа Златко Перински и премиерот Христијан Мицкоски го најавија почнувањето на јавниот повик за проекти во вредност од 250 милиони евра, со кои општините можат да аплицираат за инфраструктурни проекти од областа на култура, спорт, животна средина, патна инфраструктура, социјалната политика и образование.

Заинтересираните корисници ги поднесуваат апликативните формулари до Министерството за локална самоуправа – Комисија за постапување по овој јавен повик, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавување на овој повик. Комплетната проектна документација по однос на апликативниот формулар, заинтересираните корисници потребно е да ја достават до надлежното министерство во рок 10 дена од денот на доставување на апликативниот формулар до Министерството за локална самоуправа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

ДЗС: Во земјата стапката на вработеност изнесува 45,6%, а невработени се 12,5 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Република Северна Македонија е 790 152 лица.

СВЕТ

Хантер Бајден призна дека е виновен по обвиненијата за избегнување плаќање даноци

Хантер Бајден, синот на претседателот на САД Џо Бајден, призна вина по неколку федерални обвиненија за избегнување плаќање даноци и на тој начин избегна судење и последователниот репутациски удар од судењето кое се очекуваше да фрли неповолна светлина на неговите минати деловни зделки и неговиот разуздан животен стил, јавија синоќа дел од американските медиуми.

РЕГИОН

Вучиќ до средината на октомври ќе одлучи дали ќе одговори на поканата на Путин за учество на состанокот на БРИКС

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека поканата на рускиот претседател Владимир Путин да дојде на состанокот на БРИКС е важна покана, но дека одлуките ќе ги донесе на 10 или 15 октомври, додавајќи дека „не сакал ништо да одбие или прифати“, јави дописникот на МИА од Белград.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за владиниот проект – 250 милиони евра за општините? 

Владата ќе им додели на општините 250 милиони евра за реализирање на нови градинки, училишта, улици, атмосферски и фекални канализации, спортски сали, водоводни мрежи и други проекти.

ЦивилМедиа денеска го постави ова прашање и ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе споделат мисли.

Француското аташе за соработка го посети ЦИВИЛ, разговараше за клучните прашања и идната соработка

Минатата недела претставници на ЦИВИЛ одржаа неколку средби со дипломати од меѓународната заедница во Северна Македонија. Меѓу нив беше Ирен Кетоф, француско аташе за соработка, која го посети ЦИВИЛ за да разговара за клучните прашања и да ги разгледа можностите за соработка.

Подготви: А. Мехмети

Tags: 24 часаДневник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ