• Latest

Со одвоени 250 милиони евра на потег се општините – за што се работи?

September 6, 2024
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Со одвоени 250 милиони евра на потег се општините – за што се работи?

September 6, 2024 16:14
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На вчерашната прес-конференција министерот за локална самоуправа Златко Перински и премиерот Христијан Мицкоски го најавија почнувањето на јавниот повик за проекти во вредност од 250 милиони евра, со кои општините можат да аплицираат за инфраструктурни проекти од областа на култура, спорт, животна средина, патна инфраструктура, социјалната политика и образование.

Од овие 250 милиони евра што ќе ги одвои Владата, 100 милиони што влегуваат во првата фаза беа најавени од министерот за локална самоуправа, Златко Перински, пред скоро 2 месеци, кога со доаѓањето на власт, на една од првите средби со градоначалниците од скопскиот плански регион.

Тогаш Перински изјави дека јавниот повик веќе е во подготовка од Министерството и дека ќе се чека ребалансот на буџетот.

„Јавниот повик ќе биде објавен веднаш по ребалансот на Буџетот и на општините ќе им бидат достапни првите 100 милиони евра за реализација на готови проекти. Убеден сум дека општините ќе аплицираат со квалитетни и корисни проекти кои што ќе одговорат на потребите на граѓаните“, изјави Перински.

Ребалансот се изгласа, Владата одлучи-250 милиони евра за општините за инфраструктурни капитални проекти

Реабалансот се усвои на 12 август. Владата одлучи оваа недела.. Премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција со Перински најави дека оваа одлука ќе помогне за реализација и унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развој во општините и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.

Перински, пак, истакна дека средствата ќе се доделат преку 6  ресорни министерства, а за следење на целиот процес, формирано е владино координативно тело, кое што ќе го предводи Министерството за локална самоуправа и во истото ќе членуваат претставници од сите ресорни министерства.

Начини и критериуми за аплицира на општините

Заинтересираните корисници ги поднесуваат апликативните формулари до Министерството за локална самоуправа – Комисија за постапување по овој јавен повик, во рок од 7 (седум) дена од денот на објавување на овој повик. Комплетната проектна документација по однос на апликативниот формулар, заинтересираните корисници потребно е да ја достават до надлежното министерство во рок 10 дена од денот на доставување на апликативниот формулар до Министерството за локална самоуправа.

Во зависност за како инфраструктурен проект се работи, општините критерумите што како апликанти треба да ги исполнуваат можат да ги најдат на веб страниците на ресорните министерства: Министерство за транспорт, Министерство за социјална политика,, демографија и млади, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за образование и наука и Министерство за спорт.

Но, кои прашања ги мачат граѓаните?

Очигледно, распределбата на овие 250 милиони евра нема да биде рамноправна и ќе зависи од проeкт до проект, од општина до општина.

Мицкоски најави дeка се работи за отворен јавен повик, а дека општините биле запознаени и имале време да се подготоват укажува ијзавата на Перински од 8 јули.

Но, Мицкоски изјави дека се работи и за граѓаните и нивните интереси. Граѓаните во овој случај ги претставуваат општините, што го повлекува прашањето дали ги запознале со плановите во нивен интерес. И се разбира, колку за одреден проект би можеле да земат од тие 250 или 100(во првата фаза) милиони евра.

Еден од критериумите за аплицирање, независно преку кое ресорно министерство се оди, е: Распределба на обезбедените финансиски средства според глава на жител од резидентното население во секоја општина согласно последниот попис во Република Северна Македонија.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за владиниот проект – 250 милиони евра за општините?

ЦивилМедиа денеска го постави ова прашање и ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе споделат мисли.

Прашњето беше поставено на социјалните платформи на ЦивилМедиа, а на граѓанките и граѓаните им се отвори можност нивното мислење да го напишат го во коментар или – ако сакате да останете анонимни – во порака.

Коментарите што пристигнаа укажуваат декачитателите сметаат дека се работи или за корупција или дека се работи за добра тактитка пред локалните избори следната година.

Општините на потег

Сега останува општините во зададениот рок да аплицираат. Се разбира, доколку можеме да сметаме на траспарентност и отвореност, би требало да видиме колку нивните проекти се во корелација со тоа што го сакаат  и од што имаат потреба граѓаните во нивните општини.

Биљана Јордановска

 

Tags: 250 милиони евравладалокална самоуправаопштинипроекти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ