• Latest

24 ЧАСА: Пожарите земаа две жртви, Армијата се приклучи во гаснење; Членството во ЕУ е најсилна гаранција за заштита на идентитетот и јазикот; Продолжуваат руските напади врз Кијив; Една од фазите на геноцидот во Сребреница е негирањето

July 10, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пожарите земаа две жртви, Армијата се приклучи во гаснење; Членството во ЕУ е најсилна гаранција за заштита на идентитетот и јазикот; Продолжуваат руските напади врз Кијив; Една од фазите на геноцидот во Сребреница е негирањето

July 10, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Активни пожари, две жртви, Армијата се приклучи во гаснење на оганот

Според утринскиот извештај од Центарот за управување со кризи, активни се девет пожари на отворен простор заклучно со седум часот утринава, од вкупно 63 во текот на вчерашниот ден, под контрола се четири пожари, еден е локализиран, а 49 се изгаснати.

ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Чучер Сандево – Блаце, Визбегово во Шуто Оризари Прилеп – село Бешиште, Македонски Брод, Црешнево и Локвица, село Рамне, Слатина и Ковче, и во општина Чашка

Локализиран  е пожарот во Кочани, место викано Бабиште, помеѓу селата Јастребник и Полаки, со кој се зафатени ниска вегетација и мешана шума.

Според ЦУК, под контрола се пожарите во Делчево на Градска депонија „Острец“, во Виница – село Драгобраште (ниска вегетација и нискостеблеста шума), во Крива Паланка – село Градец и село Лозаково (борова, дабова и багремова шума) и во Желино – селоЛарце – различна локација (мешана шума).

АМСМ изутринава соопшти дека сообраќајот на потегот од клучка Орман до клучка Мирковци е пуштен за редовен сообраќај, исто така и на потегот Скопје-ГП за ГР Блаце и во двата правца на експресениот пат Ранковце-Крива Паланка. Сообраќајот на овие патишта беше во прекин поради пожарите.

Поради состојбата со пожарите во Владата синоќа заседаваше Кризниот штаб, а активиран е и европскиот механизм за помош во справување со пожарите.

Армијата на Република Северна Македонија излезе со соопштение за нивната улога во гаснењето на пожарите што беснеат низ територијата на целата држава.

Согласно одлуката на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за учество на Армијата во гаснењето на пожарите одлуката за кризна состојба донесена од Владата  и побарувањата на Центарот за управување со кризи Армијата се вклучи во гаснење на пожарите со над 150 припадници.

Во рамки на засилените активности на полицијата поради пожарите во скопскиот регион, на 9 јули во 23:40 часот полициски службеници од ЕВР Гази Баба на подрачјето кај месноста Ајватовски рид, кај Илинден, извршиле преглед на три малолетни странски државјани. Во нивниот ранец биле пронајдени две шишиња бензин (по 1,5 литар), две петарди, запалка и течен лепак. Малолетниците веднаш биле приведени.

Во пожарите што ја зафатија земјата, животот го загубија две лица, кај Ѓорче Петров и во кривопаланечко.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Рокас: Членството во ЕУ е најсилна гаранција за заштита на идентитетот и јазикот

Треба да се нагласи дека овие прашања – идентитетот и јазикот – не се предмет на преговарачката рамка. Тие најдобро се заштитуваат преку полноправно членство во Европската унија, изјави Евроамбасадорот Михалис Рокас, кој  денеска од Охрид изрази поддршка за Извештајот на Европскиот парламент, оценувајќи го како поттик за евроинтегративниот пат на земјава.

РЕГИОН

Лисица: Геноцидот и територијалната експанзија кон Босна и Херцеговина

„Факт е дека врз Бошњаците се спроведува десеттата фаза од геноцидот, што подразбира негирање. Јасно е дека официјалната српска политика во Белград намерно учествува во овој нехуман и нечесен чин насочен против Бошњаците“, пишува Адмир Лисица, регионален истражувач за политички односи и историчар од БиХ, на својот Фејсбук профил.

Лисица во својата колумна за Радио Сараево, зборува за геноцидот и територијалната експанзија кон Босна и Херцеговина, по повод одбележувањето 30 години од геноцидот во Сребреница.

СВЕТ

Смртоносни напади врз Кијив, Русија продолжува со бомбардирањето на Украина втора ноќ

Русија започна голем воздушен напад врз главниот град на Украина, Кијив, рано утрово во четврток, што претставува втора ноќ по ред на жестоки напади врз земјата, додека Русија го засилува бомбардирањето повеќе од три години по почетокот на војната, јавува Си-Ен-Ен.

САД воведуваат санкции против функционерката на ОН Франческа Албанезе, фокусирана на човековите права на Палестинците

Во објава на X, Рубио рече дека ги воведува санкциите против Франческа Албанезе, која ја носи титулата специјален известувач на ОН за состојбата со човековите права на палестинските територии, „за нејзините нелегитимни и срамни напори да поттикне акција (на Меѓународниот кривичен суд) против американски и израелски функционери, компании и раководители“.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Што мислите за работата на Стојанче и Мухамед Али?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Помеѓу европски извештаи без македонски јазик и идентитет и оган што не запира, Македонија стои горда, но осамена. Се чини дека „европскиот пат“ станува сè повеќе пат низ пепелта. Или што би рекол Балашевиќ во една песна: „Патувај Европо немој повеќе да чекаш на нас…“, пишува Дехран Муратов во колумната „Во Македонија гор(д)и, чао Европо“.

„Историјата нема да ги запамети изговорите, туку резултатите. И додека Македонија одново и одново се врти околу сопствената оска, Албанија веќе го минува крстопатот“, пишува Дестан Јонузи во колумната „Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат“

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ