ВЕСТ НА ДЕНОТ
Министерството за правда повторно бара од Косово екстрадиција на осудените за „Монструм“
Министерот за правда Игор Филков денеска изјави дека потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осудени за доживотен затвор за кривичното дело „тероризам“. Како што појасни, овие две барања се доставени до косовското Министерство и се чека на одговор. Тој напомена дека за лицата Алил Демири и Африм Исмаиловиќ првпат од Република Косово е побарана екстрадиција на 15 март 2013 година, но тоа беше одбиено.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
РЕГИОН
Редакциски избор од албански медиуми: Албанското собрание со нова претседателка; Изгласани новите министри; Курти бара да се отворат српските архиви за активноста на Косово на 37-та моторизирана бригада на ЈНА.
СВЕТ
Политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, е убиен во Техеран, објави иранскиот државен медиум „Прес ТВ“ повикувајќи се на информации од Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). Од Хамас во објава на нивниот канал на Телеграм велат дека Ханије е убиен заедно со неговиот телохранител во, како што наведуваат, израелски напад врз неговата резиденција по присуството на инаугурацијата на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан на 30 јули.
Подготви: Б. Јордановска