ВЕСТ НА ДЕНОТ
Приведени четири лица поврзани со ИСИС, имале намера да извршат терористички акти на јавни објекти
Приведени се четири лица, пронајдени и одземени се автоматска пушка, пиштол, пропаганден материјал, телефонски апарати, компјутерска опрема и други предмети што ќе бидат предмет на понатамошни форензички вештачења, во извршени претреси на дом и други простории, на пет локации во Скопје и Гостивар. Од МВР информираа дека за првопријавениот постојат основи на сомневања дека создал терористичка ќелија во која што со активно учество делувале останатите три кривично пријавени лица.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Искра Росо од Здружението за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ од Скопје: Не добив објаснување на задржувањето и забрана за престој во Србија од 12 месеци
По враќањето во хотелот каде што бев сместена, бев задржана од страна на полицијата и, заедно со уште неколку учесници, префрлена во полициска станица без јасно објаснување. Подоцна дознав дека ми беше издадена забрана за влез во Србија во траење од 12 месеци, врз основа на член 78 од Законот за странци. За време на процесот, не добив објаснување за задржувањето, што дополнително ја зголеми неизвесноста и вознемиреноста кај мене и другите учесници. Иако морам да напоменам дека полицијата во Белград се однесуваше крајно професионално. Веќе имам поднесено барање до Министерството за надворешни работи во Скопје за добивање информации за причините за издавање на забраната за влез, а воедно подготвувам процес за жалба на решението, посочува Искра Росо, извршната директорка на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ, една од активиските протерани од Белград.
РЕГИОН
Масовни протести на студентите и граѓаните во Србија
Во Србија денеска се одржува генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада. Протестот започна во 11:52 часот на повеќе локации во Србија со оддавање почит за загинатите во несреќата на железничката станица во Нови Сад, по што започна генерален штрајк.
СВЕТ
Путин на „стенд бај“, чека сигнал од САД за да се сретне со Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на 24 јануари за време на брифингот со новинарите.„Путин е подготвен, чекаме сигнали, сите се подготвени… Доколку има нешто, ќе ве информираме“, рече Песков.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за бојкот на маркетите поради високите цени?
ИНТЕРВЈУ
Разговор со Ирена Лозана: Ако нема инклузивна свесност, која потекнува од внатре кај секој човек, тогаш излишни се системските решенија за инклузија
СЛОБОДНА ЗОНА
„Пред две недели таков проглас имаше во Хрватска каде се повикаа потрошувачите на бојкот од еден ден на трговските ланци. На прв поглед тоа изгледа наивно но тие пресметале дека со ваков потег не само го артикулираат гласот на потрошувачите туку и со бојкотирање ги опоменуваат трговците дека тие се фактор во оформување на нивниот профит. Знам дека сите класично образувани економисти и експерти ќе кажат дека тоа е краткорочно и трговците ќе најдат начин да си ги надополнат загубите. Со самото тоа што се започна дијалог во Хрватска покажува дека и трговците се заинтересирани за наоѓање решенија. Трката на цените, платите и пензиите го растура општеството и таа борба го истоштува во целост“, пишува Војо Маневски во „Дали бојокотот на трговците е економска постапка?“
Подготви: Б. Јордановска