• Latest

24 ЧАСА: Проширувањето на ЕУ главна тема во Гренада; за Шолц, со потребните одлуки, Северна Македонија е на добар пат кон ЕУ; „етничкото чистење“ во Нагорно-Карабах

October 5, 2023

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Проширувањето на ЕУ главна тема во Гренада; за Шолц, со потребните одлуки, Северна Македонија е на добар пат кон ЕУ; „етничкото чистење“ во Нагорно-Карабах

October 5, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Проширувањето на ЕУ главна тема во Гренада

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Гранада, Шпанија, учествува на третиот состанок на Европската политичка заедница, заедно со лидерите од вкупно 47 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азејберџан, Грузија, Турција и Украина.

„По многу години, сега на агендата како тема го имаме проширувањето на Европската Унија. Ова е исклучително важен состанок со сите земји во Европа и една од главните теми што нам ни е од најголема важност е проширувањето, а секако ќе дискутираме и теми поврзани со дигитализацијата и воведувањето на вештачката интелигенција со цел подобрување на условите за граѓаните“, изјави премиерот Димитар Ковачевски, пред почетокот на третиот состанок на Европската политичка заедница, што се одржува денеска во Гранада, Шпанија.

Европската политичка заедница има за цел да поттикне политички дијалог и соработка во решавањето на прашања од заеднички интерес, да ја зајакне безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент. Замислена како платформа за политичка координација, формирана во мај 2022 година на иницијатива на францускиот претседтаел Емануел Макрон, таа не заменува ниту една постоечка организација, структура или процес и нема за цел да создаде нови во оваа фаза.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Сега е време и земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската унија. Ние како Европска Унија ја презедовме таа обврска во Солун пред 20 години. Затоа е многу, многу важно сега да го придвижиме тој процес напред – ова секако ја вклучува и Северна Македонија, која сега може да ги донесе потребните одлуки – и сите ние сакаме заедно да го придвижиме овој процес напред. Се надевам дека тоа ќе се случи и во тесна соработка со Бугарија“, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на вчерашната прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

САД испратија на Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција кои беа запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти американската војска. Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, објави дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од калибар 7,62 мм.

*

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека е во Гранада, каде што учествува на самитот на кој учествуваат речиси 50 европски лидери и дека се надева на нови договори за зајакнување на воздушната одбрана на Украина.

*

Поддршката од Европската политичка заедница за Украина претставува силна порака за рускиот претседател Владимир Путин, од Даблин до Кишињев, дека нема да толерираме агресија врз суверена земја, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен при пристигнувањето на состанокот на Европската политичка заедница во Гранада.

ФЛЕШ ВЕСТИ

БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре ќе учествува на состанокот на министри за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, чиј домаќин годинава е министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.

БЕЗБЕДНОСТ Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска, денеска оствариле работна средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, како и новиот заменик шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава, Бен Нупнау.

ЕКОНОМИЈА Економскиот раст на Северна Македонија годинава ќе биде 1,8 отсто, во 2024 ќе изнесува 2,5, а во 2025 година ќе се зголеми на 2,9 проценти. Инфлацијата, пак, во 2023 ќе се задржи на ниво од 9,1 процент, за во наредната година да се намали на три, а во 2025 на два отсто, прогнозира Светска банка.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Македонската зелената агенда: Панел на ЦИВИЛ со Маја Морачанин и Тони Поповски

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, на 6 октомври, петок, со почеток во 11 часот. Учесници на панелот се Маја Морачанин, претседателка на ДОМ и пратеничка и Тони Поповски,  архитект, екологист, политиколог, независен консултант и колумнист.

Граѓански дијалози во Кочани

Секогаш во движење и во контакт со граѓанките и граѓаните, тимот на ЦИВИЛ денеска се сретна со претставниците на локалната самоуправа и граѓанските организации во Кочани. На оваа граѓанска средба беа поканети претставнички и претставници на граѓанските здруженија, медиумите, локалните институции, бизнис секторот, верските заедници, политичките партии и подмладоци и заинтересирани граѓанки и граѓани. Модераторка на настанот беше Дијана Тахири од ЦИВИЛ, а на почетокот свое обраќање имаше и градоначалникот Љупчо Папазов.

АНАЛИЗИ

„Без тенкови, ровови или воени авиони, и главно скриени од меѓународниот поглед, контингент од околу 2.000 војници на Москва одигра клучна улога во одлучувачкиот исход на конфликтот помеѓу Ерменија и Азербејџан во Нагорно-Карабах – самоуправна енклава издлабена од јужниот агол на Азербејџан, која е дом на претежно етнички Ерменци – долго време е заробена во окото на вртливата геополитичка бура на светските сили кои се во двобој, кои сега, поради отсуството на реакција на руските „мировници“ се принудени да ги напуштат своите домови, во нешто што многу наликува на операција на „етничко чистење“кое се одвива токму „пред носот“ на Путин“, пишува Драган Мишев во анализата „Етничко чистење во Нагорно Карабах „пред носот“ на Путин“

Подготви: Б. Јордановска

Tags: ДневникЕУНагорно КарабахподдршкаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ