• Latest

24 ЧАСА: Родителите на жртвите од Кочани бараат објаснување од ОЈО; Тошковски тврди дека е намалена е стапката на криминал; Војната меѓу Израел и Иран – можност за Русија да продолжи со агресијата против Украина

June 16, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Родителите на жртвите од Кочани бараат објаснување од ОЈО; Тошковски тврди дека е намалена е стапката на криминал; Војната меѓу Израел и Иран – можност за Русија да продолжи со агресијата против Украина

June 16, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Родители на починатите во пожарот во Кочани бараат од ОЈО појаснување на обвинението

Родители на починатите во пожарот во клубот „Пулс“ денеска до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани ќе достават писмено барање за детално објаснување против кого ќе се води обвинителната постапка, што ја соопшти минатата недела државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

– Ние не сме правници и не го разбравме обвинителниот акт што го соопшти јавниот обвинител против осомничените за трагедијата во „Пулс“, поради што бараме Основното јавно обвинителство да ни ги објасни резултатите од истражната постапка, порачаа родителите на починатите во пожарот на деветтиот „Марш на ангелите“ што се одржа завчера во Кочани.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Тошковски: Македонија е безбедна држава, jа намаливме стапката на криминал во државата

„Мислам дека македонските граѓани прават разлика помеѓу она што го начекавме, она што го оставија овие пред нас и она кое што ние го работиме сега. Сметам дека сите оние акции кои што ги спроведовме како од аспект на борба против организиран криминал и особено висока корупција и злоупотреба на државни институции во минатото, сите оние акции кои што ги спроведовме во делот на уличниот криминал, потоа на борбата против трговија со дрога, трговија со луѓе, бандите кои што ги разбивме, му даваат една надеж на македонскиот народ дека можело и поинаку. Гледаат дека со посветеност, со макотрпна работа, со професионален пристап можело и поинаку и да се дадат резултати“, изјави министерот за внатрешни работи  Панче Тошковски.

РЕГИОН

Студентите ќе поднесат кривична пријава против Вучиќ

Студентите во блокадата на овие два факултета ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Србија за сериозни прекршувања на законот и Уставот, на 17 март 2025 година, на одделението за интензивна нега на Универзитетскиот клинички центар на Србија.

СВЕТ

Војната помеѓу Израел и Иран може да ѝ даде економски поттик на Русија за да ја продолжи агресијата врз Украина

„Превентивните“ напади на Израел врз Иран, насочени кон нуклеарната програма на земјата и убивањето на врвни воени функционери, би можеле да имаат далекусежни импликации за Украина и би можеле да ја зголемат способноста на Русија да продолжи со својата целосна инвазија, изјавија експерти за „Кијив Индепендент“.

Иран е еден од најцврстите сојузници на Русија во текот на целата војна, обезбедувајќи илјадници беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети со краток дострел.

Во меѓувреме, САД долго време се најсилниот поддржувач на Израел и секоја ескалација на конфликтот веројатно ќе предизвика понатамошни промени во геополитичките приоритети на Белата куќа.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали верувате дека стапката на криминалот е намалена?

 

АЛ-ПРЕС

Во денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа од албанските медиуми во регионот прочитајте:

-Тирана денеска домаќин на самитот на ПСЈИЕ – Албанија го предава претседателството на Бугарија

– Барањата за азил од Албанците во ЕУ се намалија за 29%

– Косово без нов парламент и по 32 обиди

– Судот во Хаг повторно му го продолжи притворот на Тачи

– Одржано првото рочиште за масакрот во Меја

Колумна –„Покана за претпазлив оптимизам“

СЛОБОДНА ЗОНА

„Кампањата против Љупчо Коцевски веднаш се појави на клучните медиуми наклонети кон Мицковски ама мора да се знае дека тој притисок има и друг крај, кој се виде во саботата во Кочани. Има и друга јавност.“, Брза пошта од Љубомир Костовски „Власта го помина Рубиконот“.

„Што мислите, го познава ли Мицкоски поранешниот претседател на нашата партија ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Груевски? Наскоро ќе дознаеме дека само слушнал за него дека бил претседател на партијата чии сукцесор е самиот Мицкоски и дека го сретнал неколку пати на седници на ИК, кога му беше Генерален Секретар на Груевски, а слушнал дека бил и претседател на владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2016 година, кога му беше советник за енергетика, ама не стигнал да го запознае.“, пишува Оливер Андонов во колумната „Лаги“.

„Секој ден мислам на тебе. Секој ден те спомнуваме во Редакција. За тебе знаат и новите колешки и колеги. Кога би се појавил од некаде, ќе биде како никогаш да не си заминал. Во изминатите две години не еднаш ми се случи да посегнам по телефонот да ти се јавам да се консултирам со тебе за важни прашања. И тогаш, во дел од секунда, ти си тука, присутен и реален, за веднаш потоа да настапи големото Отсуство.“, Ин мемориам од Џабир Дерала – „Две години без Крешник“.

Подготви: Д. Тахири

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ