ВЕСТ НА ДЕНОТ
Модернизација на водоводните мрежи, намалување на техничките и финансиските загуби, зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на перформансите на јавните комунални претпријатија, сето ова се клучни елементи за поодржлива инфраструктура и поквалитетни услуги за граѓаните.
Вака денеска заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, ги претстави целите од проектните активности вредни 7.5 милиони швајцарски франци, при потпишувањето на договорите за спроведување на проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија“, што ќе се реализира во седум големи општини низ земјата.
Задоволство изрази и aмбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман. Таа, меѓу другото, рече дека треба да се разбере, дека водата ја нема во онаа количина, како досега.
– Многу треба внимателно да се работи со управувањето на водата, мора да има заедничка посветеност и да се споделува одговорноста, за да може да се намалат загубите на вода. Во овие предизвикувачки времиња за луѓето и животната средина, за економијата, не смее да се дозволи да се губи вода. Мора да биде третирана како посебно богатство, како посебна вредност. Без вода, нема живот, подвлече амбасадорката.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
– Не е коректно и не е фер новинарите да водат судска постапка, бидејќи има една општа презумпција на невиност, истакна Салиу пред почетокот на настанот по повод одбележувањето на Меморијалниот ден на Ромскиот Холокауст – 2 Август.
РЕГИОН
Пред Собранието на Нови Сад од утрово се одржува протест поради фактот што на дневниот ред на седницата закажана за 31 јули, меѓу другото, беше и предлогот на градоначалникот Жарко Миќин за поставување споменик на жртвите на железничката станица во тој град.
СВЕТ
Врховната Рада го усвои законот за враќање на независноста на антикорупциските агенции NABU и SAP
Врховната Рада го одобри предлог-законот поднесен од претседателот Володимир Зеленски за враќање на независноста на Националното биро за борба против корупцијата (NABU) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (SAP), објави дописникот на Укринформ. Законодавната иницијатива бр. 13533 беше поддржана од 331 пратеник.
ФОРУМ
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за измените во законот за полиција?
Д. Муратов