• Latest

24 ЧАСА: Студенти на УКИМ одржаа затворен собир; Во Тетово граѓаните бараат одговорност за голем број трагедии; Јавен собир на Плоштад Македонија во 18:30; Од ЕУ пристигна првата транша од 52,4 милиони евра; САД и Русија преговараат во Ријад за мировен договор за Украина

March 24, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Студенти на УКИМ одржаа затворен собир; Во Тетово граѓаните бараат одговорност за голем број трагедии; Јавен собир на Плоштад Македонија во 18:30; Од ЕУ пристигна првата транша од 52,4 милиони евра; САД и Русија преговараат во Ријад за мировен договор за Украина

March 24, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Јавни собири за оддавање почит на жртвите од Кочани и барање одговорност

Една недела по трагедијата во Кочани, каде во пожарот во дискотеката „Пулс“ загинаа 59, а околу 200 лица се повредени, низ градовите во земјата се одржуваат јавни собири во кои граѓаните оддаваат почит на починатите и бараат одговорност од одговорните институции за пропустите кои доведоа до оваа трагедија.

За денеска беа најавени три јавни собири. Во 11:30 во Тетово се одржа јавен собир во организација на инцијативата „Нула“, за изразување револт поради голем број трагедии со цел да се побара одговорност. Граѓаните се собраа на плоштадот половина час по пладне, по што групата се движеше до зградата каде функционираат Основен суд во Тетово и Основното Јавно Обвинителство.

Обраќања имаа претставници на семејствата чии членови ги загубија животите во пожарот во модуларната болница во Тетово и во сообраќајната несреќа на автобусот на Беса Транс во Бугарија.

Денеска на УКИМ требаше да се одржи студентски пленум, но студентите одлучија да го затворат за јавноста, не дозволувајќи присуство на новинари. Пленумот се одржа во Филозофскиот факултет, а студентски претставник изјави дека никој не дал дозвола за снимање и фотографирање.

Според агендата, студентите планирале 15-минутен молк и неколку интерактивни зони за изразување на ставови. Дел од медиумите најавија дека ќе ги бојкотираат нивните идни собири.

По настанот, се појави допис од Независниот студентски сојуз, во кој се осудува обидот на политичката партија Левица да го „киднапира“ собирот, нарекувајќи го фијаско. Најавија и кривична пријава против лица кои се претставувале лажно во нивно име.

Иницијативата „Кој е следен“ најави јавен собир на Плоштад Македонија, со почеток во 18:30 часот.

Од „Koj е следен?” нагласуваат дека се изрично против секаков вид на насилство и провокации и се оградува од било каков повик, скандирање (говор на омраза) или однесување кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир, и ја објавија рутата, временскиот распоред и правилникот за однесување на маршот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Муртезани: Пристигна првата транша од ЕУ во висина од 52,4 милиони евра, 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата

„Пристигнаа средствата од  пред -финансирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од страна на Европската комисија, траншата е во висина од 52,4 милиони евра, односно 7% од вкупната сума на финансиска помош за земјата, која што како што знаете, изнесува околу 750 милиони евра“, изјави министерот за европски прашања Орхан Муртезани на  прес-конференција.

РЕГИОН

Стотици уапсени во Турција во новите протести поради приведувањето на Имамоглу

Стотици луѓе се приведени во новите протести против приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.

Турското Министерство за внатрешни работи на „Х“ напиша дека 323 лица биле приведени поради бранот демонстрации вчера.

Протести се одржаа во Истанбул, Анкара, Измир и други градови, со илјадници учесници и покрај забраните за демонстрации.

СВЕТ

САД и Русија на разговори за Украина во Ријад, додека продолжуваат руските нападите со дронови врз цивилите

Во Саудиска Арабија се водат разговори меѓу американски и руски претставници за евентуален мировен договор во Украина. Тие следат одвоени разговори меѓу Украина и САД во Саудиска Арабија, кои украинскиот министер за одбрана ги нарече „продуктивни и фокусирани“.

Истовремено, продолжија руските напади врз Украина во текот на ноќта, при што властите во Кијив соопштија дека Русија лансирала 99 нападни беспилотни летала. Во напад на руски дронови на Кијив изминатиот викенд загинаа три лица, меѓу кои и едно петгодишно дете

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за кампањата против јавните собири?

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: Дваесет и шест години од интервенцијата на НАТО за Косово; Продолжува судскиот процес против поранешните лидери на ОВК; Законот за пензии на Албанија со Италија подготвен за имплементација

СЛОБОДНА ЗОНА

„Корупцијата кај нас е одамна во зона на самоодржливост. Оттаму при драматични настани од овој тип истрагата тешко може да биде објективна ако актуелната влада треба да ја води бидејќи лесно може да замижи над сопствената одговорност. На ова опоменуваат светските искуства. А народот веќе веднаш почна да реагира, има искуство од порано и веднаш се сомнева во исходот на истрагата“, пишува Авторот Љубомир Костовски во колумната „Народниот гнев како змија во пазувите на власта“.

Подготви: Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ