• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Дваесет и шест години од интервенцијата на НАТО за Косово; Продолжува судскиот процес против поранешните лидери на ОВК; Законот за пензии на Албанија со Италија подготвен за имплементација

March 24, 2025

За ослободувањето на украинските цивилни затвореници

July 26, 2026

Дебилност или имбецилност

July 26, 2026

Предупредување

July 26, 2026

Вештачење од 2024: Мазутот од РКМ не загадувал, а работењето на ТЕЦ Неготино ѝ заштедило над 12 милиони евра на државата

July 25, 2026

Кијив ја мина ноќта во подземните метро станици

July 25, 2026

Напад со балистички ракети во Буча кај Кијив – 10 загинати, околу 100 повредени, агресорот потрошил 17-20 милиони долари за нападот

July 24, 2026
Волфганг Ресман, Медија дијалог, Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ)

ВОЈНА НА ТЕРОР: Д-р Волфганг Ресман за рускиот ракетен терор во Кијив

July 24, 2026
Илустрација ВИ

ЕУ го казни Гугл со рекордни 890 милиони евра поради нарушување на конкуренцијата

July 24, 2026
Фото: Фронтлајн

Унгарија отвори истрага за заемот од една милијарда евра за Северна Македонија

July 24, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Вашингтон со нова царинска офанзива, ЕУ, Кина и Канада реагираат

July 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Дваесет и шест години од интервенцијата на НАТО за Косово; Продолжува судскиот процес против поранешните лидери на ОВК; Законот за пензии на Албанија со Италија подготвен за имплементација

March 24, 2025 13:22
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Косово денеска се одбележуваат 26 години од почетокот на воздушните напади на Северноатлантската Алијанса, популарно попозната како НАТО, врз југословенски воени и полициски цели. Интервенцијата на НАТО во Косово овозможи враќање на повеќе од 800.000 бегалци во нивните домови, и го означи почетокот на крајот на српскиот режим  во Косово, пишуваат косовските медиуми.

Стотици илјади Албанци кои живееле и работеле преку Јадранот може да добијат пензиски третман. Договорот потпишан повеќе од една година по ратификацијата во италијанскиот парламент е објавен во Службен весник на соседната земја и за неколку недели ќе биде готов за имплементација, пренесоа албанските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Репортери: Денеска се навршуваат 26 години од интервенцијата на НАТО во Косово

На 24 март годинава се одбележува 26-годишнината од почетокот на воздушните напади на Северноатлантската Алијанса, популарно попозната како НАТО, врз југословенски воени и полициски цели, пренесе порталот Репортери.

Бомбардирањето на Југославија од страна на западната воена алијанса, која ја сочинуваа Србија и Црна Гора, започна по неуспехот на преговорите за решавање на конфликтот во Косово во 1999 година, бидејќи српската страна одби да потпише мировен договор во Рамбује.

Бомбардирањата, кои траеја 78 дена, престанаа на 10 јуни 1999 година, со усвојувањето на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, која предвидуваше администрирање на Косово од мисија на ОН.

Интервенцијата на НАТО во Косово овозможи враќање на повеќе од 800.000 бегалци во нивните домови.

Интервенцијата на НАТО го означи почетокот на крајот на српскиот режим во Косово.

ТВ 21: Литванија ќе испрати дополнителни  40 војници во КФОР

Литванија планира да испрати околу 40 дополнителни војници како дел од мировната мисија на КФОР на Косово, по германско барање, пренесе ТВ 21.

Нацрт-резолуцијата за учество на Литванија во меѓународните операции, регистрирана минатата недела, повикува на зголемување на вкупниот број на војници дозволени да бидат испратени во мисијата КФОР на 60.

Според Министерството за одбрана, Литванија во моментов има еден службеник стациониран во Приштина.

Дукаѓини: Продолжува судскиот процес против поранешните лидери на ОВК, на седницата учествува Тачи

Во Специјализираните совети на Косово во Хаг, денеска продолжува судскиот процес против Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селим и Јакуп Красниќи.

Заедно со останатите обвинети, Тачи е присутен и во судницата за да го следи исказот на 124-от сведок на Специјализираниот обвинител.

Првично, судијата претседавач Чарлс Смит III даде наредба за прием на аудио снимките од изјавите на сведокот 04264. Според него, одбраната не одговорила на барањето на ЗПС.

Што се однесува до некои поднесоци на тимот на одбраната на Тачи, тој беше одржан на приватна седница за јавноста, пренесува Дукаѓини.

АЛБАНИЈА

Панорама: Законот за пензии со Италија подготвен за имплементација објавен во Службен весник; Италијанската влада предвидува од 12-23 милиони евра годишно

Стотици илјади Албанци кои живееле и работеле преку Јадранот може да добијат пензиски третман. Договорот потпишан повеќе од една година по ратификацијата во италијанскиот парламент е објавен во Службен весник на соседната земја и за неколку недели ќе биде готов за имплементација, пренесе Панорама.

Со овој договор, лицата кои се пред пензионирање мора да се пријават во соодветниот Институт за социјално осигурување (Албанците во Италија и Италијанците во Албанија), со што се овозможува добивање на две пензии, според годините на работа со кои придонеле.

Договорот ќе ги опфати старосните пензии, осигурувањето за боледување и осигурувањето за невработеност и за Албанците кои живеат во Италија и за италијанските граѓани кои живеат и работат во Албанија и ги даваат своите придонеси овде.

КОЛУМНА

Коха: „Не треба да се заборави зошто беше неопходна интервенцијата на НАТО“

„Иако поминаа 26 години, годишнината од лансирањето на воздушните напади на НАТО сè уште буди многу спомени. За косовските Албанци тоа се измешани спомени. Го паметат како последно лансирање на српскиот терор врз нив, но и како период на ескалација на српските злосторства на теренот.

Од друга страна, во Србија и по 26 години воопшто нема подготвеност да се прифати зошто НАТО интервенираше. Постојаните напори на Србија, без разлика кој е на власт, да ја претстави интервенцијата на НАТО како непотребна агресија е дел од нејзиниот недостаток на волја да го надмине наследството од минатото.“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „„Не треба да се заборави зошто беше неопходна интервенцијата на НАТО“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ