ВЕСТ НА ДЕНОТ
Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти
Во периодот од 15 август до 15 септември, а со цел спречување на растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме“, Владата донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10 отсто во трговија на големо и најмалку 15 проценти во трговија на мало.
-Одлуката се однесува на период од 15 август 2025 година до 15 септември 2025 година, а трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето, се наведува во соопштението од Владата.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Алиу: Цените на паркингот на Клинички нема да биде ист за сите – бесплатно за болните од рак, најскапо ќе плаќаат тие кои не се пациенти
„Ќе има четири различни влезови на новиот паркинг на Клинички, односно за онколошки пациенти влезот ќе биде бесплатен, за пациенти со упат влезот ќе биде евтин, не знам колку е сега за да компарирам, за вработени ќе има трета цена и за граѓани кои доаѓаат поради икс причини ќе биде трета цена која што ќе биде најскапа.
Ценовникот на паркингот нема да биде ист за сите, почнувајќи од нула денари до цени за граѓани кои што не се пациенти“, изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу по промоцијата на новиот модул за електронска евиденција на здравствените прегледи во областа на медицина на трудот.
РЕГИОН
Додик најави референдум по одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот
Претседателот на Република Српска Милорад Додик, на кого Централната изборна комисија му го одзеде мандатот оваа среда (6 август), објави распишување референдум, чиј резултат „ќе биде волјата на народот“. По состанокот со коалициските партнери, Додик рече дека мандатот му е даден од народот, кој ќе го потврди или отфрли на референдум, кој ќе го објави Народното собрание на Република Српска.
СВЕТ
Нападната рафинерија за нафта во рускиот Краснодарскиот крај во масивен напад на украински дронови
Украински беспилотни летала го нападнале рускиот Краснодарски крај на 7 август, наводно насочени кон рафинеријата за нафта Афипски и пристанишниот град Новоросијск, објавија медиумските канали на Телеграм, повикувајќи се на изјави на жители.
Како што пренесува Кијив Индипендент, рафинеријата, која се наоѓа на околу 200 километри (124 милји) од линијата на фронтот, служи како стратешки логистички центар за дизел гориво и керозин за авијација што го користат руските трупи. Рафинеријата е исто така клучна за економската моќ на Русија, преработувајќи 6,25 милиони тони нафта годишно.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ
„Што мислите за бранот вработувања во државните институции?“
АНАЛИЗА
Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори
„Долгогодишниот посветен проруски македонски портал А1он, секојдневно се труди да се докаже како перјаница на руската пропаганда и проруските наративи во земјава. Во таа своја мисија, тој е во трка дури и со докажаните медиумски репрезенти на српско-руската пропаганда од соседна Србија. Дополнително, Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на дезинформациите (ЦМДТ) забележува зголемено присуство на текстови со руски пропагандни наративи на овој портал како што наближуваат локалните избори.
Во конкретните случаи кои ги анализираме во продолжение, А1он се потрудиле да ги претркаат и нив, станувајќи поголем спутник од оригиналниот истоимен руски медиум (инаку забранет за пренесување во ЕУ и кај нас), во земјава, но и во регионов.“, пишува во анализата на Драган Мишев, во соработка со ЦМДТ.
Подготви: Д. Тахири