• Latest

24 ЧАСА: Уставен суд отвори 15 предмети за работата на повеќе општини; Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции; ДИК ги акредитира ИФЕС и ОБСЕ за двојните избори

March 27, 2024

24 ЧАСА: Стратешко партнерство со Обединетото Кралство; Украина стои на наше место против глобалната закана; Соопштението што медиумите пропуштија да го објават

May 20, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за израелската војна во Газа?

May 20, 2025

Соопштението што медиумите пропуштија да го објават: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

May 20, 2025
Фото: Херсонська обласна прокуратура

Во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден загина 1 цивил, повредени 13; бројот на повредени во Херсон се искачи на 10

May 20, 2025
Фото: Влада на РСМ

Владата го усвои предлогот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Новиот про – ЕУ претседател на Романија ја враќа надежта кај граѓаните, следува соочување со предизвиците – формирање влада, борба со корупцијата, инфлацијата, буџетскиот дефицит

May 20, 2025

Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, независните кандидати ќе можат да се кандидираат со по илјада потписи

May 20, 2025

“Мирот” на Путин: Терор маскиран како дипломатија

May 20, 2025
Војо Маневски

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025
Фото: Генерирано со помош на ВИ

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

May 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Уставен суд отвори 15 предмети за работата на повеќе општини; Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции; ДИК ги акредитира ИФЕС и ОБСЕ за двојните избори

March 27, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Уставен суд отвори 15 предмети по сопствена иницијатива за работата на повеќе општини

Уставниот суд денеска  ја одржува 10. Седница на која е предвидено да се дискутира за 15 предмети кои Судот ги оформил по сопствена иницијатива, а се однесуваат на одредби од деловниците за работа на 15 општини.

Како што информираат од Уставен, овие предмети ги оформиле поради индиции дека општините излегле надвор од надлежностите преку доделување на можност Советите да даваат автентично толкување на одлуките кои самите ги донесуваат.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Османи: Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции

Интеграцијата во НАТО и ЕУ е најдобар одговор на руските империјалистички амбиции. Украина е само прва станица, а една од следните ќе биде Западен Балкан, подвлече денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој го водеше традиционалниот НАТО настан, со што започнаа Деновите на НАТО во земјава, со кои се одбележуваат четири години од членството на Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРНИ НАБЉУДУВАЧИ Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги прифати барањата за акредитацијата на набљудувачи на претстојните претседателски и парламентарни избори во државава поднесени од Меѓународната организација за изборни системи ИФЕС и Набљудувачката мисија на ОБСЕ.

4 ГОДИНИ НАТО Централна свеченост по повод четири години од членството на Северна Македонија во НАТО  се одржа денеска на платото пред Министерството за одбрана.

ПСЈИЕ Во организација на владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП) денеска во Скопје  се одржува состанок на министрите за европски прашања на земјите-учеснички на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) 2024, во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со оваа регионална организација.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • ОН: Најмалку 32 украински заробеници егзекутирани во руско заробеништво во текот на зимата
  • Во руските напади на регионите Харкив, Суми, Херсон, Никопол, Запорижја со беспилотни летала и артилерија, повредени цивили и уништена инфраструктура
  • Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба беше домаќин на брифинг во живо со над 160 новинари и уредници од целиот свет

ИЗБОРИ

„Искреноста и транспарентноста се пресудни“ – една од пораките што ги упати претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, како учесник на Форумот на ИФЕС и ОБСЕ за граѓанските организации и изборите, на кој учествуваа видни претставнички и претставници на релевантни организации и институции, вклучени во изборните процеси.

АЛ-ПРЕС

Во Тирана денеска активисти и новинари се собраа пред кабинетот на премиерот во знак на протест против насилничкото однесување на премиерот Еди Рама кон новинарката Амброзија Мета, известија албанските медиуми.

Неколку дена по спроведувањето на одлуката на Уставниот суд за Дечанскиот манастир, како услов за членство на Косово во Советот на Европа, Комисијата за политички прашања и демократија ќе го разгледува извештајот за членството на Косово во овој совет, пренесуваат косовските медиуми.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Човекот кој ќе биде на првото место на изборната листа за „четворката“ од ВМРО-ДПМНЕ веројатно ја изговорил како млад човек оваа позната реченица од филмот „Се сеќаваш ли на Доли Бел“ од насловот. Тоа, ако никогаш дотогаш секако ја изрекол кога ја гледал огромната зграда, поставена на површина од 2.000 квадратни метри на веројатно најатрактивното место на охридското крајбрежје – Свети Стефан.“, пишува Љубомир Костовски во анализата  „Секој ден, во секој поглед, сè повеќе напредува: Александар Николоски, еден од протагонистите на меѓународниот „кавијар“ скандал“.

„Јавноста е веќе навикната да гледа калкуланти и профитери во политиката како се „покајуваат“ и ја менуваа политичката страна (по којзнае кој пат!). Некои од нив успеваат да ги преживеат и најголемите политички земјотреси и поплави, без да им се намали кредибилитетот и банкарското конто (напротив, расте).“, пишува Џабир Дерала во колумната „Време на измамници“.

„Во претседателската кампања се наслушавме на споменување на имиња на познати професори и мислители, наши и светски. Некој веројатно мисли дека со тоа се подига авторитетот и компетентноста на кандидатката/кандидатот. Но јас моето мислење за ова веќе го кажав, минатиот пат напишав дека ни требаат политичари, а не само професори со научни титули и трудови.“, пишува Војо Маневски во колумната „Можат ли платите да растат со владини мерки?“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ