• Latest

Време на измамници

March 27, 2024

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Време на измамници

March 27, 2024 11:02
in ES-PRESS-O, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Деновиве напишав текст за трансформациите и шампионите на вредностите. Добив многу одобрувања, но во моето поштенско сандаче добив и едно прашање – коментар: „Дали можеби со ова ги оправдуваш ‘тој и тој, таа и таа’ по неколку години седнати во една политичка групација, преминуваат во друга? Сакаш да кажеш дека се шампиони на вредностите?“ Мислам дека вреди да се одговори овде, бидејќи постои можност тој мој текст да послужи како оправдание за оние кои најмалку го заслужуваат тоа.

Да, точно е. Ова е време кога многумина во политичкиот естаблишмент – кои со ништо не заслужиле да имаат функции, пари и моќ – се престројуваат, ставаат старо-нови дресови и капи, ги вадат старите знамиња од своите политички долапи.

По којзнае кој пат!

Јавноста е веќе навикната да гледа калкуланти и профитери во политиката како се „покајуваат“ и ја менуваа политичката страна (по којзнае кој пат!). Некои од нив успеваат да ги преживеат и најголемите политички земјотреси и поплави, без да им се намали кредибилитетот и банкарското конто (напротив, расте). Тие научија да ја користат апатијата на луѓето и „балансираноста“ во медиумите. Често изгледа како да веруваат дека сите нивни недела се закопани во заборавот. И кога нивните калкулации испаѓаат погрешни, без ни малку срам (по којзнае кој пат!) се „покајуваат“ и ја фаќаат страната каде што ќе извлечат највисока цена за својата политичка кожа.

Точна е констатацијата дека „промена на мислењето и ставот, па дури и политичката ориентација – не е срамен чин, ако се следат чувството на праведност и вербата во демократските вредности.“ Тоа особено важи „ако некој сака да ги постави јавниот интерес или безбедноста на државата пред лојалноста кон една личност која е закана за фундаментите на демократијата и државните интереси.“

Дали овие што ја фрлаат својата кожурка и навлекуваат друга може да се каже дека „шампиони на вредностите?“ Хахаха, ни оддалеку. Зошто? Затоа што мотивите што ги движат се исклучиво себични – функции, пари и моќ. Затоа што веќе биле таму каде што „се враќаат“, а можеби некогаш биле на сосема трето место, се разбира, за лични интереси. Ништо повеќе.

Тие не веруваат во вредности. Ним им е сеедно колку ќе страда општеството поради узурпацијата на функциите и цицањето на јавните пари. За нив вредност има само нивната политичка кожа.

Нема тука определби, промислување, заложби за националните интереси – ништо од тоа. Само пари и моќ, гола борба за функции до кои сакаат да дојдат преку сеење националистичка и верска омраза и поигрување со стравовите и надежите на луѓето.

Ова е време на измамници.

Треба да се остане буден, граѓанки и граѓани. Најлесната, воедно и најслатката жртва на политичките предатори се оние што мислат дека „сите се исти“ и дека „јас ништо не можам да променам.“


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ