• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Балансирани до коска

September 6, 2022
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Балансирани до коска

September 6, 2022 07:10
in ES-PRESS-O, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Кога ќе уапсат некој што силувал жена или дете, не го бараат за интервју. Кога ќе осомничат некого за пожар, се разбира, се работи за пироман. Ако се слушне дека некој крадел, ограбувал или мамел, не оставаат место за сомнеж, тој е валкан арамија, особено ако е припадник на етничка заедница што има „силни предиспозиции“ за криминал. Се знае, најмалку за една етничка заедници во „жална Македонија, од сите страни сардисана“ е познато дека е склона кон криминал и непочитување на државата. По потреба се две, односно три, зависно од контекстот и „видот на криминалното дејствие“.

Кога некој е осомничен за убиство, тој е убиец. Ако е од етничката заедница „дискретно“ посочена, а „коректно“ неименувана претходно, тогаш тој е и „крволочен убиец“, бидејќи тоа „им тече во вените“. Ако се работи за напаѓач што ги малтретира жртвите, се работи за „монструм“.

Но затоа ќе се истепаат кој попрво ќе го одбрани правото на Путин да добие (најмалку) половина, ако не и сѐ што може да се пружи од медиумскиот простор. Руската војска, под команда на Путин и со благослов од Црквата, урива и пали цели градови и села, ги срамнува со земја, уништува породилишта, училишта, градинки, театри, масовно убива цивили, спроведува невиден терор, тортурира и масакрира, масовно силува жени, деца, дури и бебиња… Ограбуваат сѐ што можат од испразнетите домови за да ги „израдуваат“ своите мајки и сопруги дома. Многу „домаќински“, нели?

Но македонското новинарство е „професионално“ и „балансирано“. Секогаш ќе се најде простор за „руската страна“ која, кутрата, никако да добие доволно простор во западните медиуми. А Путин, пак, тој ѝ е интересен на нашата публика, „влече кликови“, па затоа секогаш е добро да се има по некоја сторија за него.

Нашата публика „заслужува“ да го запознае Путин. Затоа, во сите различни варијанти ќе објавиме како јава на коњ, онака снажен дополу соголен. Па како вози камион со градежничка кацига на главата, слаткиот тој, колку е близок до народот. А и со животните, ѓоа Тарзан е, видете го. Близок до народот и животните, но затоа, видете го колку е строг со западните лидер, па ги прима на другиот крај од онаа долга прекрасна бела маса во неговиот дворец.

Кога ќе се налути, како и секој „добар и справедлив татко“ и неприкосновен владетел, поточно цар, тој ги пика предавниците во затвор по 20 и кусур години. Русија е голема, има 140 милиони жители. Сите ги сакаат да „чепнат“ од руските богатства. Кутриот Путин, принуден е да владее со цврста рака.

И со домашната политика е исто. Македонските професионални и до изнемоштеност „балансирани“ медиуми, даваат сѐ од себе да го оправдаат тој опис.

Не може да не им се даде „коректна“ предност на Мицкоски и на оние што Дерала „некоректно“ ги нарекува рашисти. Навистина, некои политичари сакаат да сторат сѐ што можат и не можат, само да ја оддалечат земјата од евроинтеграцискиот курс, но македонските „балансирани“ медиуми секогаш ќе најдат понекој добар збор и што е можно повеќе „балансиран“ простор да ги претстават и образложат своите идеи. Можеби имаат добри причини за тоа. Нели и порано, во времето на Груевски, слушавме дека Западот е лош, расипан, нечесен и перверзен? А и онаа етничкана заедница што ги произведе „Рамковните“ се претераа. Сѐ им дадовме! Чекај, чекај, што вели „интелектуалата“ и „експертите“? Дека Албанец нема право да преговара со Бугарија? Па има резон тоа. Дајте малку „балансиран“ медиумски простор и за тоа! Референдум за укинување Договорот со Бугарија? Ааа, тоа е сериозна тема. Дајте што е можно повеќе „балансиран“ медиумски простор за тоа! Ни збор да не се испушти.

Освен за политичките идеи и постапки, публиката сака да знае кога детето на Груевски, пардон, Мицкоски тргнува на првиот училиштен ден. Не мора да значи дека „ние, медиумите“ градиме култ кон авторитарните личности, та нели сме „балансирани до коска“? Власта е власт, треба секогаш да се критикува, дури и тогаш кога ја обезбедува европската иднина на земјата. Дајте да видиме што за тоа вели опозицијата и нејзините „добри познавачи“ и „аналитичари“! Тоа е балансирано новинарство!

Мицкоски е наследник, а порано и дел од клептократска и насилничка клика што ја ограбуваше и тероризираше сопствената земја, сееше страв и поделби, и ја оддалечи земјата од националните стратешки определби? Дајте, господине Дерала, бидете „коректни“, каков е тој „неизбалансиран“ речник?


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ