• Latest

24 ЧАСА: Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП; 18 милиони евра за реконструкција на студентските домови; илјадници ранети во експлозии на пејџери во Либан

September 18, 2024

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП; 18 милиони евра за реконструкција на студентските домови; илјадници ранети во експлозии на пејџери во Либан

September 18, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

Во предметот познат во јавноста како „Синџир“ обвинети се петнаесет лица вработени во Генералниот даночен инспекторат на  Управата за јавни приходи и регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола и Прилеп.

-И покрај поднесениот Обвинителен акт за предметот познат во јавноста како „Синџир“, предметниот обвинител Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција предметниот јавен обвинител продолжи со постапување.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Повеќе од 18 милиони евра ќе бидат вложени за реконструкција на студентските домови, но не само во Скопје туку и во другите градови, каде што имаме универзитетски кампуси и центри. 18 милиони евра ќе бидат вложени за двата студентски дома во Скопје, тоа се „Кузман Јосифовски- Питу“ и „Стив Наумов“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со реконструкцијата на државниот студентскиот дом „Стив Наумов“.

РЕГИОН

Етничките Срби во Косово се чувствуваат измамени и изневерени од Белград

Етничкиот Србин Драган Николиќ работеше две децении во косовската полиција пред да поднесе оставка во ноември 2022 година, откако партијата Српска листа поддржана од Белград ги повика сите етнички Срби да ги напуштат косовските институции поради спорот со Приштина за регистарските таблички.

СВЕТ

Израел стои зад смртоносните експлозии на пејџери што беа насочени кон Хезболах и ранија илјадници во Либан

Хезболах вети дека ќе одговори на вчерашниот израелски напад во кој се убиени неколку луѓе и рани илјадници низ Либан, кога пејџери што припаѓаат на членови на групата поддржана од Иран експлодираа речиси истовремено, што откри масивен безбедносен пробив и ја покажа големината на израелското разузнавање, објави Си-Ен-Ен, пренесе МИА.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за алатката „балансер“?

Во јавноста повторно се поставува дилемата дали балансерот ја исполнува целта или се злоупотребува затоа што етничката припадност е основен податок при вработувањето во јавната администрација. Балансерот како алатка беше воведен во 2016-та за да служи за соодветна и правична застапеност на сите заедници во секоја институција од државниот и јавниот сектор.

АНАЛИЗИ

Денови на опасно живеење во нашата земја: Прободен ученик, запалени автомобили, престрелки, убиства…

Нов вознемирувачки случај на насилство меѓу малолетници – во близина на скопско училиште вчера попладне група тинејџери нападнале момче, кое во нападот било претепано и прободено со нож, по што било пренесено во Клиничкиот центар, каде му е укажана лекарска помош.

Дали се (не)безбедни учениците во и надвор од училиштата? МВР ја гарантира сигурноста и безбедноста

Сведоци сме дека учениците се опремуваа(т) и со ладно оружје (ножеви, боксирачи, пендраци…) кое им е лесно достапно буквално на тезга на Бит-пазар, on-line и од специјализирани продавници како што е Camuflage.

Од Министерството за внатрешни работи за ЦивилМедиа велат дека во рамки на своите со закони пропишани надлежности, особено пред почетокот на секоја учебна година се носат посебни оперативни планови со мерки и активности што стриктно се однесуваат за сигурноста и безбедноста на училиштата и просторите во и околу истите.

А. Мехмети
Tags: 24 часаДневник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ