• Latest

24 ЧАСА: За бизнисoт 150, а за општините 200 милиони евра од унгарскиот кредит; НАТО нема да се откаже од помошта за Украина, децидна Шекеринска; Србија повторно не ги почитува ЕУ санкциите кон Русија

July 14, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: За бизнисoт 150, а за општините 200 милиони евра од унгарскиот кредит; НАТО нема да се откаже од помошта за Украина, децидна Шекеринска; Србија повторно не ги почитува ЕУ санкциите кон Русија

July 14, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик

Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит преку комерцијалните банки се префрлени кај бизнисот, а за локалните самоуправи годинава се предвидени околу 200 милиони евра. Со вториот повик за општините и потпишувањето на договорите ќе се заокружи вкупната сума средства земени од унгарскиот кредит – за враќање стари долгови и за развој и капитални инвестиции на државата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„НАТО нема да се откаже од помошта за Украина, а Хрватска е вреден и доверлив сојузник во тие напори. Русија го поткопува меѓународниот поредок, европската безбедност и главната цел на Алијансата – безбедна евроатлантска зона. Затоа ја поддржуваме не само територијалната целовитост и суверенитет на Украина, туку и нејзиното право и способност за самоодбрана“, изјави заменичката генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, во интервју за хрватската агенција Хина.

РЕГИОН

Србија повторно не ги почитува санкциите на ЕУ против Русија

Србија повторно не ги почитува рестриктивните мерки на Европската Унија против Русија поради војната во Украина, објави канцеларијата на високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на 14 јули. Станува збор за одлуката на ЕУ да ги продолжи санкциите против Русија до 31 јануари 2026 година

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Рама најавува нов систем за снабдување со нафта; Велиај одбива да поднесе оставка од функцијата градоначалник; Блокирани 882 милиони евра поради неконституирањето на косовското собрание

СВЕТ

Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња

Во ирскиот град Тјум, во округот Голуеј, денеска започна ископувањето на масовна, необележана гробница за која се верува дека содржи останки од околу 800 бебиња. Гробницата датира од периодот меѓу 1925 и 1961 година, кога католичките калуѓерки од редот „Бон Секур“ ги закопувале починатите новороденчиња од институцијата за мајки и деца „Света Марија“.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку безбедно се чувствувате?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Одговори – нема. Оставки – уште помалку. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, чиј ресор е токму јавната безбедност, сè уште не понуди никаква морална или политичка одговорност. Нема конкретен план за справување со растечката несигурност и небезбедност на улиците. Се чини како да е прифатена една тивка и страшна реалност што би рекол Тошковски дека „убиства имало и ќе има“, но оставки нема да има. И не само од актуелниот министер, морални оставки немало ниту во минатото од претходните влади“, пишува Дехран Муратов во „Убиства имало и ќе има – оставки немало и ќе нема“.

„Убиства на деца, воени заробеници, тортура и изживување врз луѓето – се знак дека русите се надвор од цивилизацискиот простор. Очигледно, зад тие кремљовски ѕидини не се читаат ни Женевските конвенции, ни Повелбата на ОН. Очигледно е дека единствениот начин да се надмине руската „дислексија“ во овој случај се ракетите, дроновите, санкциите и притисокот врз рф“, низ дипломатска призма пишува украинската амбасадорка Лариса Дир во „Право на живот за време на војна. Против злосторствата на рф.“

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ