• Latest

24 февруари: Повлекување на спотот на ВМРО-ДПМНЕ, корупција на универзитетите и повик за контра-марш

February 24, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 февруари: Повлекување на спотот на ВМРО-ДПМНЕ, корупција на универзитетите и повик за контра-марш

February 24, 2020 18:45
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ го повлече видеото во кое го злоупотребува логото на Слободен печат

Партијата ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотреби логото и жигот на „Слободен печат“ во видео-спот пласиран на социјалните мрежи.

Главен „актер“ во видео-материјалот е потпретседателот на партијата, Александар Николоски, кој седнат на биро го разгледува дневниот печат, односно насловната страница на „Слободен печат“ и ја користи таа насловница како амбиент за да го почне своето излагање против политичкиот опонент Зоран Заев. Станува збор за насловна страница на која „Слободен печат“ информира за развојот на судењето на аферата „Рекет“. Оваа насловна страница е дел од сценарио од спот за предизборна пропаганда на партијата, во која фокусот е ставен на шиканирање на владеењето на политичките противници, критика на судството и обвинителството. „Фатени се живи!“, драматично го почнува своето излагање Николоски.

По реакциите на Слободен печат, ВМРО-ДПМНЕ го повлече видео-спотот.

БЛИЦ: Уринирање спроти ветерот

Дерала: Сега, како пискливо ехо на тие наоди и извештаи, на сите потресни сведоштва, ги слушаме истите дијагнози, истите обвиненија од кои тие панично бегаат од правда. Тие, против кои има пресуди, истраги, докази… Со истите зборови им се обраќаат на тие што нив ги разобличија, без срам, без селекција, без труд. Само грабни, укради, ископирај и врати го истото, како да е твое и како тоа да се однесува на друг. Несфатливо!

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Деркоски: Лицата со наполнети 18 години на денот на гласање ќе влезат во Избирачкиот список

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Понеделничка летаргија на македонската политичка сцена. Од поинтересните настани конечно се појави долгоочекуваното контра(нешто) на ВМРО ДПМНЕ. Токму кога помисливте дека заврши ерата на контрирање, историјата се повторува. Имено, Мицкоски повика на протест за правда кој е планиран за утре од 18 часот. Овој повик следува по минатонеделниот марш за правда кој го организираше СДСМ.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Независниот академски синдикат (НАкС) бара итно да се воспостават критериуми за финансирање на универзитетите и на научните институти како и потпишување колективен договор за регулирање на платите. За проблемите и предизвиците на финансирањето на високото образование и науката НАкС денеска организираше трибина.

Заложби за силна, стабилна и обединета Европа во мир преку целосна интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија изразија денеска во Солун министрите за надворешни работи од регионот и од земји-членки на ЕУ кои граничат со регионот, на конференцијата на високо ниво „Од Солун до Загреб” на која учествува и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Со едно минутно молчење во почит на настраданите во вчерашната трагедија во Романовце, Советот на Општина Куманово едногласно го прогласи за утрешниот ден за ден на жалост и ги откажа сите активности и манифестации предвидени за утре. Градоначалникот Максим Димитриевски, изрази сочувство и вети поддршка и помош за настраданите.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Со оглед на зголемениот интерес, како и можностите да се зголеми обемот на изборниот мониторинг, ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач на две организации истовремено.

Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.

СЛОБОДНА ЗОНА

За трогателниот напор на Антонијо Милошоски и објавувањето петарди прочитајте повеќе во денешната колумна на Сашо Орданоски – „Падна бомба од небото – и не утепа никого!“

За правдата и нејзината еволуција во корнерот на Зоран Иванов – „Динамична еволуција наместо судска револуција“

Маја Ивановска
во соработка со Биљана Јордановска и Дијана Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ