• Latest

Уринирање спроти ветерот

February 24, 2020

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Уринирање спроти ветерот

Сега, како пискливо ехо на тие наоди и извештаи, на сите потресни сведоштва, ги слушаме истите дијагнози, истите обвиненија од кои тие панично бегаат од правда. Тие, против кои има пресуди, истраги, докази... Со истите зборови им се обраќаат на тие што нив ги разобличија, без срам, без селекција, без труд. Само грабни, укради, ископирај и врати го истото, како да е твое и како тоа да се однесува на друг. Несфатливо!

February 24, 2020 18:38
in БЛИЦ, КОМПАС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Се најавуваше бомба, излезе петарда, па и таа не пукна. Партијата што ја зароби државата и сѐ уште ја држи во заложништво по многу основи, ќе протестира. Против што? Против одговорноста за тоа што тие самите го направија и го прават? Ма, дај! Изгледа, не постои ни трошка способност, ни протест да се организира. Мора да се ископира. Од вокабулар и тема, до настап и формат. Е, сега, не е баш протест, туку е контрапротест. Како и секогаш, контра! Контра и мрак. Да се копира нешто што говори токму против тие што копираат. В кафеана ова се нарекува „уринирање спроти ветерот“…

Ама, некако им успева да предизвикаат внимание. Како во некоја најзафрлена паланка на светот, во која дошол и се закотвила некоја циркуска дружина од безнадежни аматери, видена безброј пати, ама луѓето сеедно одат и ја гледаат претставата, дека нема друг циркус во градот. Си ги завршуваат секојдневните работите и се исклучуваат од реалноста на момент, па ја гледаат претставата на намесникот и неговите пајташи. Затоа што, мора човек да се исклучи од реалноста за да ја следи оваа очајна претстава. Секако, има и други објаснувања, но за тоа во некоја посериозна пригода.

Навистина, не ја бива оваа работа. Веќе одамна е здодевно и мачно. Да не се работеше за грчевити обиди за одбрана на криминалците и насилниците од режимот, можеби ќе беа и смешни, па (за ретки) и симпатични. Но, целта е веќе одамна болно очигледна. Таа пуста надеж дека бескрајното повторување на истиот спин ќе доведе до успех. До сега, тоа се само бескрајно неуспешни обиди да се факторизираат и да се доберат до власт. Да нема правда, да нема интеграции, да нема Европа и НАТО – да има само режим, изолација, мрак и сиромаштија.

Видела жабата како се потковуваат коњи, па и таа кренала нога. Граѓан(к)ите чекореа за правда во 2014, 2015, 2016, чекореа за правда и пред неколку дена, откако се изгласа законот што толку жестоко го кочеа… Разликата е во тоа што граѓан(к)ите чекореа ЗА правда, овие ПРОТИВ правда. Тоа е таа „мала“ разлика што многумина не ја гледаат. Од суета, незадоволени желби или други причини и побуди…

Во детали беше разобличен режимот, со сите кражби, расипништво и бруталност. Безброј извештаи се напишаа за нивното дивеење. И странски и домашни институции и организации, експерти и новинари, направија вивисекција на еднодецениското поробување на државата.

Сега, како пискливо ехо на тие наоди и извештаи, на сите потресни сведоштва, ги слушаме истите дијагнози, истите обвиненија од кои тие панично бегаат од правда. Тие, против кои има пресуди, истраги, докази… Со истите зборови им се обраќаат на тие што нив ги разобличија, без срам, без селекција, без труд. Само грабни, укради, ископирај и врати го истото, како да е твое и како тоа да се однесува на друг. Несфатливо!

Потрошени се сите вицеви, повторени се, безброј пати, сите (несоборливи) аргументи, остана „само“ да се сместат в затвор криминалците. Но тие, со аргументите против себе, мавтаат како да се работи за спротивната страна. Како глупав крадец кој, на оние што ќе го фатат, им се обраќа со невротично врескање: „Кој, јас украдов? Не, ти си крадецот!“

Не, ова не се опишува. Просто, не се опишува.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ