Дваесет и четири години за ЦИВИЛ, една година за мене како мал дел од ЦивилМедиа. Од првиот ден кога стапнав во просториите на „Максим Горки“ се чувствував како да сум долго време заедно од тимот.
Утринските состаноци кои секогаш траат долго не можат да поминат без да се вклучи секој во разговорот, а особено интересно е што и кога има различни ставови во дискусијата, сепак новинарот останува слободен да го напише она што смета дека е најкорисно за граѓаните.
Дезинформациите, загрозување на човековите права, говорот на омраза, етничките прашања, војната во Украина и во Палестина, придобивките од ЕУ, зелените агенди се секојдневен фокус на тимот кој се труди да обезбеди точни и проверени информации во морето од лажни вести.
Вистинска привилегија е да се биде ЦИВИЛ, да се биде храбар и гласен. Среќен роденден ЦИВИЛ, Ви посакувам многу успеси.