Новинарката Дијана Тахири од тимот на ЦИВИЛ Медиа во своја објава на Фесбук реагира на веста којашто ја објави Макфакст во врска со монструозното насилство кое се случило во Косово.
Двајцата монструми се Албанци од Косово, се што се случило а е опишано во веста, е точно, но без дополнителни и релевантни факти. Девојката претходно била во вонбрачна заедница со еден од монструмите, другиот му бил другар на првиот и му помогнал во монструзното насилство.
Монструмот зад себе има уште неколку кривични дела за кои, за жал, не одговарал пред правдата, поради семејни врски во косовското судство.
И, се случи минатата година, во Феризај (Урошевац), во Република Косово.
Не во јужна Србија, како што пишува Макфакс.
Денеска тој е осуден на доживотна робија, што е, повторно ќе кажам, за жал, мал напредок во третирањето на случаите со насилства и убиства на косовските жени, за што косовското општество алармира и протестира постојано, бидејќи насилниците и убијците не се соодветно казнети и третирани од судовите.
Така што, кога ќе се објави ваква вест, би требало да се согледаат сите факти, да се прочепка и по косовските медиуми, и секако, постојат преведувачи што точно ќе им помогнат на вакви медиуми да ја пренесат веста. И, да ја погодат територијата на која се случил одреден настан како овој, пишува Тахири.