Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој ќе има свое обраќање на Бледскиот Стратешки Форум, кој годинава е на тема „Солидарност за глобална безбедност“, на својот профил на Фејсбук напиша:
ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме на обврските ако сакаме брз напредок во пристапните преговори.
Пред почетокот на Бледскиот стратешки форум со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, имавме многу отворен и значаен разговор.
Според Маричиќ, за Европската Унија важна е интеграцијата на Западен Балкан и тоа останува нејзин стратешки приоритет, наша обврска е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива.
Целта ни е да продолжиме со преговорите и да успееме, со обединетост и одговорен пристап кон спроведување на реформите и задачите кои ги имаме на патот до ЕУ, вели Вицепремерот.
Маричиќ нагласи дека веќе направивме напредок во евроинтеграциите и ја интензивиравме соработката со ЕУ, кои во Северна Македонија гледаат кредибилен партнер и држава која треба да биде дел од европското семејство и силен промотор на европските вредности и регионалната соработка.
Континуираниот дијалог со претставниците на ЕУ дава добар сигнал и порака дека ова е можност да изградиме заедничка европска иднина, напиша Маричиќ.
М. П.