• Latest

Протести, последен поздрав, знамиња и закони…

November 28, 2018
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ВЕСТИ

Протести, последен поздрав, знамиња и закони…

November 28, 2018 16:26
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еден од најреномираните драмски автори, академик Горан Стефановски (1952) почина вчера по кусо боледување во Кентербери, Англија, каде што живееше.

Стефановски, е автор на драмите „Јане Задрогаз“, „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-Фај“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Црна дупка“…, како и на легендарната ТВ-серија „Бушава азбука“. Дипломирал англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а магистрирал драматургија во Белград. Беше професор по драматургија на ФДУ, член на ДПМ и на македонскиот ПЕН центар, а од 2004 и на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).
Веста за неговата смрт ја псоледија илјадници изрази на сочувство и на длабока почит, како од драмските уметници – автори, режисери и актери, така и меѓу граѓаните на Македонија кои ги преплавија социјалните мрежи со своите пораки.

Попладнево протестен марш на на ВМРО-ДПМНЕ

„За година и половина, власта нема ниту еден капитален проект со кој може да се пофали, но затоа има криминални тендери, корупција, сомнежи за тешки проневери и изневерени очекувања“, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, најавувајќи го денешниот „протестен марш против црнилата на СДСМ и Владата на Заев, против разнебитувањето на македонската држава и македонскиот народ“,
Опозициската партија протестира поради промената на името и „срамниот Преспански договор и поради идентитетот кој го деградираат и загрозуваат, поради политичкиот прогон што го спроведува власта, политичките апсења и монтираните случаи како и поради неразјаснетите убиства“.
Иницијативата „Македонија – Блокира“ која поддржува секакви протести против ненародната власт, со соопштение најави учество на денешниот протест. Според партијата Единствена Македонија, „во овој момент мора да се тргнат настрана теснопартиските интереси и сите национални и патриотски сили правилно да ги распоредат интересите што подразбира, на прво место националниот и државниот интерес, на второ место – партискиот интерес, а дури некаде на трето место – личниот интерес… Сега е потребно обединување на македонскиот народ, оти ова не битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците.

Собранието и го честита на Албанија Денот на знамето и на независноста, ДУИ провоцира!

Пратениците и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери упатија честитка по повод 28 Ноември – Денот на албанското знаме и Денот на независноста на Република Албанија.
„Овој значаен празник е длабоко втиснат во колективната национална историска меморија и во срцата на сите припадници на албанскиот народ, а Албанците како значаен и интегрален дел на Република Македонија се обединувачко ткиво и вреден контрибутор во напредокот и развојот на државата и регионот“.се вели во честитката од македноското Собранието.
Но локалната власт на ДУИ во градовите во Западна Македонија, во кои живеат мнозинство етнички Албанци, и овој пат го „заборавија“ државното знаме на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ го потести градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, „дека Струга е мултиетнички град, во кој треба да има соживот, без разлика на вера и нација… Знаете ли дека ова што го правите е спротивно на законот? Истакнувате само албански знамиња, без притоа да го ставите знамето на Република Македонија, државата во која живеете и сте градоначалник на град во таа држава. Што сакате да постигнете со овај потег?
Според медиумите на македонски јазик, слична е ситуацијата и во Тетово, Дебар, Кичево, и делумно во скопските општини. Иако според Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија од 2005 и 2011, локалната самоуправа, покрај знамето на заедницата која е мнозинство во општината е должна да го истакне и знамето на Република Македонија, со поголема димензија од една третина од другите знамиња.

За три години, Иванов помилувал 271 осудено лице

Кога не е на пат во Турција, македонскиот претседател Ѓорге Иванов, нашол време и во последните три години помилувал вкупно 271 затвореник. Според податоците на Управата за санкции, во 2016, 2017 и 2018 година, што ги објави мкд.мк, 268 затвореници биле делумно помилувани, а тројца целосно. Најмногу помилувани лица биле осудени за разбојништво – 45, за тешка кражба – 38, за недозволено поседување и држење оружје – 35. Иванов ослободил и 27 убијци и 18 осуденици за финансирање тероризам.

Претседателот на Република Македонија со помилување дава ослободување од гонење, или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, ја заменува изречената казна со поблага казна или со алтернативни мерки, или определува бришење на осудата, или ја укинува, односно определува пократко траење на определена правна последица од осудата или на казната. Ппомилување не може да добијат лица осудени за кривични дела против изборите и гласањето, кривични дела против половата слобода и половиот морал, кривични дела сторени спрема деца и малолетни лица, кривични дела против здравјето на луѓето, кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 и кривично дело овозможување на употреба на наркотични дроги од членот 216 и за кривични дела против човечноста и меѓународното право.

Малиќи – почесен конзул на Мексико

Откако ја усвои информацијата за отворање почесен конзулат на Мексико во Македонија, со седиште во Скопје, Владата даде согласност на предлогот на Мексико за именување на заменик-градоначалникот на Скопје, Енвер Малиќи за почесен конзул на Мексико во Македонија.
Сопственикот на фирмата „Гемак трејд“ беше советник во Советот на Град Скопје од редовите на ДУИ, а од минатата година, градоначалникот Петре Шилегов го именуваше Малиќи и за заменик-градоначалник на Скопје.

УНЕП: Скопје e најзагадениот главен град во Европа

Според Програмата на ОН за животна средина (УНЕП), Скопје, „град со повеќе од половина милион жители, беше ставен на листата на Светската здравствена организација (СЗО) меѓу градовите во Европа со најголема концентрација на штетни ПМ2.5 честички во воздухот. Во однос на средните концентрации на ПМ10 и ПМ2.5 честичките, базата на податоци за загадување на амбиентниот воздух на СЗО за 2018 година – го рангира Скопје како најзагадениот главен град во Европа!
Честичките ПМ 2.5 вклучуваат нитрати, сулфати, органски хемикалии, метали, прашина и црн јаглерод, кои тие продираат во белите дробови и се можни предизвикувачи срцеви и белодробни заболувања и други болести.

Шилегов играл на мобилниот оти Ѓорчев бил здодевен, а Макрадули не спиел – читал!

По жестоките реакции во јавноста на снимката од јавната седница посветена на загадувањето на која градоначалникот на Скопје Петре Шилегов си игра на мобилен, додека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев зборува на говорницата, Шилегов денес се обиде да се брани со „духовитост“: “Во Собранието зборуваше Влатко Ѓорчев. Кога зборува, со своите неточни говори, мора да потрошите време на мобилен телефони. Градот постојано презема мерки и работи против овој проблем кој не е од вчера “, беше аргументот на Шилегов што го пренесоа медиумите.
А заменик министерот за животна средина Јани Макрадули чија фотографија на која наводно спие на истата седница беше објавена, денес демантира и тврди дека – читал, и дека на фотографијата е интервенирано, а дека сето тоа нема да го поколеба во борбата за чист воздух!
„Се гледа од снимката дека читам, дека на фотографијата е интервенирано, плус (блурирани очите) и дека секој коментар е злобен… Бев цело време од 11 до 15:45 часот и зборував на крај каде одговорив на сите прашања, што значи сите сум ги слушал и запишувал“, изјави Макрадули за „Фокус”.

Општините трошат за елаборати, а Јапонци ќе ни ги пошумуваат Водно, Велес и Радовиш

Додека според сдк.мк, кој го наведува истражувањето во рамки на проектот „Зелена база“,.најголем дел од средствата од буџетите за животна средина на општините изминатите години се трошат за изработка на елаборати, за студии, истражувања, проекти и планови, за среќа на Македонија, со средства во висина од два милиона евра и со стручен тим од Агенцијата за меѓународна поддршка на Јапонија ќе се пошумуваат Водно, Радовиш и Велес, за да се намалат ризиците од поплави при поројни дождови и свлечишта на земјиштето!
Носител на проектот е Центарот за управување на кризи каде веќе една година десетина градежни инженери од Јапонија работеле на мапирање на теренот и изработка на план за пошумување за спречување на природни кататстрофи.

К. С.

Tags: албанско знамеВМРО-ДПМНЕВодноДУИзагадувањеЈапонијаМакрадулиМалиќиПротестСтефановскиШилегов
Share30TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ