• Latest

29 октомври: Палмер во Скопје, за Пендаровски не се прифатливи алтернативи за ЕУ, изборите нема да се одложат заради ратификацијата за НАТО…

October 29, 2019
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

29 октомври: Палмер во Скопје, за Пендаровски не се прифатливи алтернативи за ЕУ, изборите нема да се одложат заради ратификацијата за НАТО…

October 29, 2019 15:58
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: Метју Палмер во Скопје

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер денеска престојува во работа посета на Северна Македонија.

Палмер денеска се сретна со министерот за надворешни работи Никола Димитров. По средбата Палмер ја истакна силната поддршка од страна на САД кон Северна Македонија во членството на НАТО и ЕУ.

„Секогаш е задоволство да се биде тука во Северна Македонија. Доаѓам во моментите кога земјата е блиску до членството во НАТО, и само прашање на време е кога ќе се случи. Уште еднаш тука сум да ја истакнам и силната поддршка на САД кон Северна Македонија за членството во НАТО, како и на патот кон членството на ЕУ“, рече Палмер по средбата со Димитров.

 

Пендаровски: Освен сојуз со ЕУ, неприфатливи се алтернативни форми на партнерство

За нас не постои подобра алтернативa од интеграцијата во ЕУ и затоа сите други опции за стратешки или специјални партнерства се невозможни и неприфатливи, истакнува претседателот Стево Пендаровскиво интервју за Ал џезира Балкан.

– Алтернативи има колку сакате, опции колку сакате, меѓутоа поодржлива, поефикасна за нас на оваа географска локалција на Балканот со ваква  хетерогена структура на популацијата не постои.  Тоа го покажуваат сите објективни и реални анализи.  Се  спомнуваше дека ние сме дел од некакво соседство. Соседството во однос на ЕУ  е друга категорија, сосема друг статус на држави.  Соседи на ЕУ се централноазиските држави  или северноафриканските држави, тој појас. Ние  не сме соседи, ние сме  структурно и географски, но и институционално дел од Европа. Дали ќе бидеме членки и кога ќе бидеме зависи од исполнување на критериумите. Меѓутоа ние не сме соседи, целиот Западен Балкан  не е третиран како сосед  на ЕУ, туку како дел од ЕУ  односно дел кој еден ден  ќе биде дел и од институционална Европа, изјави Пендаровски.

Пратениците од ВМРО -ДПМНЕ ја напуштија седницата на Комисијата за европски прашања

На денешната собраниска  седница на Комисијата за Европски прашања се обрати Заменик на Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, којшто пред присутните се обиде да објасни што се случувало во Брисел. Пред присутните се обрати и пратеникот Антонијо Милошоски. По обраќањето на Милошоски пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата.

„Преспанскиот договор не може да се комплетира целосно ако ние сме вон пристапниот процес кон Европската Унија“, рече денеска шефот на дипломатијата Никола Димитров на седницата на собраниската Комисија за европски прашања, на која се дебатираше за одлуката на Европскиот совет да не и додели на земјава датум за преговори за членство во ЕУ.

Флеш вести: 

Нема одложување на изборите поради Протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев денеска ја отфрли можноста да се одложат изборите поради престојната ратификација на Протоколот за членство во НАТО во Собранието на Република Северна Македонија.

Протоколот откако ќе биде ратификуван од сите земји-членки, треба да дојде во нашето Собранието, каде пратениците исто така ќе пристапат кон негово ратификување со што ќе се официјализира членството во Северноатлантската алијанса.

Нема договор меѓу СОНК и МОН, преговорите продолжуваат

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование денеска не постигнаа договор, но најавија дека до крајот на неделата повторно ќе се состанат.

По средбата, министерот Арбр Адеми изјави дека преговорите продолжуваат.

Заев очекува истрагата да покаже каде е Игор Спасов

Премиерот Зоран Заев очекува истрагата да покаже каде е Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски.

Заев денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека институциите постапиле согласно законот и оти биле запазени сите процедури.

Мисла

Од Корнер

Пишува: Зоран Иванов

Дека недобивањето датум за почеток на преговорите со Европската унија е грешка, грешка е. Историска, не историска, сеедно, сепак грешка. И за Унијата и за нас посебно. Ова тврдење го промовираа во факт сите релевантни европски фактори освен, се разбира, авторот на грешката, актуелната Макронова дипломатија.

Утешителните потчукнувања по рамо од влијателните меѓународни авторитети е убав гест на внимание. Љубезно одбраните пораки дека вината не е до нас, милуваат врз ушите. Ни влијаат толку благопријатно што колективно не`тераат на дремка. Се чини посебно мамурно делува врз нашите актуелни политички структури. Целиот тој пост- Бриселски амбиент, од првичниот шок, преку депресија сега се движи кон летаргија. Оркестрираната пасторала на европската заедница ги оттурна од реформските обврски.

ЦИВИЛ – активности

Екипа на ЦИВИЛ денеска спроведе анкета низ центарот на Скопје, со прашање до минувачите „Дали државата заслужува да влезе во Европската унија?“


Дијана Тахири, во соработка со Маја Ивановска и Зоран Иванов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ