• Latest

37 правни субјекти добија решенија за забрана за работа!

July 3, 2017

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

37 правни субјекти добија решенија за забрана за работа!

July 3, 2017 15:24
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална работа информира дека во периодот од 29 јуни до 1 јули 2017 година, за време на топлотниот бран, дежурните екипи на Државниот инспекторат за труд извршиле 97 инспекциски надзори од областа на безбедноста и здравјето при работа на целата територија на Република Македонија.

Од инспекциските надзори извршени во дејностите – градежништво, конфекциски погони, складирање на отпад и земјоделие, се донесени решенија за забрана за работа за 37 правни субјекти, а на останатите контролирани правни субјекти им е укажано на обврската за почитување на соодветните препораки.

Министерството за труд и социјална политика отвори и линија за пријавување на прекршување на препораките за работа на отворено, за време на најжешките денови. Бројот на кој може да се пријави прекршување на препораките е 075/402856.

Минатата недела, на седницата на Владата, се донесе одлука препораките да ги почитуваат и државните органи и јавните претпријатија и установи. Бремените жени и хронично-болните на возраст над 60 години, да бидат ослободени од работа, а градежните работници да не работат на отворено од 11 до 17 часот, се дел од препораките на Министерството за здравство што Владата ги усвои поради топлотниот бран што ја зафати Македонија.

Откако Владата излезе со препораки, забележани се повеќе прекршувања низ земјата.

Граѓански новинар, соработник на ЦИВИЛ Медиа, во петокот околу 11 часот, забележа градежни работници на терен, и покрај препораките на надлежните институции, во екот на пеколните горештини, од 11 до 17 часот, да нема работници на отворено.

Тројца градежни работници од скопската фирма „Синтек – Инженеринг“ се здобиле со тешки телесни повреди, при пад од монтажно скеле поставено на височина од околу 5 – 6 метри, на автопатот Скопје – Куманово, кај клучката во село Миладиновци.

М. И. 

Tags: бремени женивладаградежни работнициДржавен инспекторат за трудМТСПпрепоракитекстилни работницихронично болни
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ