• Latest

45 отсто од Грците имаат разбирање за сложено име со терминот Македонија

May 7, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

45 отсто од Грците имаат разбирање за сложено име со терминот Македонија

May 7, 2018 08:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

За 45 отсто од Грците е разбирлива перспективата за сложено име со вклучен термин Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од агенцијата „Прората“ за грчкиот Институт за алтернативни политики ЕНА, што ги објавува весникот „Етнос“.

На истото прашање, 23% од анкетираните рекле дека „перспективата за признавање на ПЈРМ со сложено име што ќе го содржи терминот Македонија им предизвикува бес за оние што прифаќаат такво нешто“, 14 отсто одговориле дека се срамат што се Грци, 13% се рамнодушни, додека пак пет проценти одбиле да одговорат.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во истражувањето, на анкетираните им се поставува прашањето и за тоа кои се непријателските земји за Грција. Број еден непријател, за 87 отсто од испитаниците е Турција, а 45 проценти сметаат дека Македонија е непријателска кон јужниот сосед.

На прашањето „кои од следните земји ги сметате за непријателски“, анкетираните имале можност да одберат позитивен или негативен одговор. Поконкретно:

– За Македонија, 45% одговориле да, 38% не

– За Албанија, 47% да, 37% не

– За Бугарија, 70% не, 10% да

– За Турција, 87% да, 7% не

Шеесет и девет проценти од анкетираните сметаат дека Македонија не претставува закана за територијалниот интегритет на Грција, наспроти 21 отсто што одговариле позитивно.

Во однос на тоа дали интеграцијата на Македонија, Албанија и Турција во ЕУ ќе ги подобри односите со Грција, за Скопје и Тирана, Грците имаат позитивен став, додека пак за Анкара одговараат негативно.

– За Македонија, 57% одговориле да, 35% не

– За Албанија, 56% да, 37% не

– За Турција, 27% да, 64% не

На прашањето, кој е најважниот проблем во грчката надворешна политика, 46 проценти рекле дека тоа е управувањето со турската позиција кон Грција, 34 отсто справувањето со бегалскиот бран на грчките острови, а само пет проценти од анкетираните сметаат дека најважниот проблем е управувањето со прашањето со името. (МИА)

Tags: Грцијаимеистражување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ