• Latest
Добро утро со Орданоски

„Па, не сега и не со тие шпиц-чевли!“

November 23, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Па, не сега и не со тие шпиц-чевли!“

November 23, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]М[/dropcap]акедонија – нејзината поделена политичка елита и нејзината поларизирана јавност, од која таборот на воздржани или незаинтересирани граѓани е најголемата „партија“ на сцената – не е навикната на функционирање на правната држава. Тој однос е искуствен – народски, се вика „дување на маштеница“ – што предизвикува недоверие дури и кога правната држава покажува некакви знаци на живот: ако ги приведеш, зад тоа стои политичка одлука; ако не ги приведеш, пак зад тоа стои политичка одлука; ако е казната висока, таа е политички диригирана; ако е ниска, секако е политички диригирана; ако се судењата згуснати, се одговара на политичките потреби, а ако се развлечени, пак политиката стои зад тоа… Што и да направи правната држава (судство, обвинителство, истраги…), таа се доживува како „слуга“ на политиката.

Мицкоски тврди дека судството е под директна команда на „аболицираниот Заев“. „Кацарска судство“, „десет пати полошо“ од претходното „Сваровски судство“. Вели Мицкоски. Математички прецизно и политички евтино.

Парадоксално, сето горе наведено, и кога делува контрадикторно – може навистина да е резултат на политиката! Топло-ладно, брзо-споро, луто-благо, за сè да е, истовремено, одговорна само политиката.

И потоа се појави СЈО.

Да не должам: начинот на кој делува СЈО – а, како последица на тоа, можеби (само можеби) и некои други позиции во судството – покажува КРУПНА политичка некоординираност со сегашнава власт. И порано се случувало нивните одлуки за истраги и обвинувања (на пример, и покрај долго учената вештина на албанската илегала ништо важно да не се комуницира по телефон, под истрага се и Али Ахмети и Бујар Османи, што сигурно не е баш пожелен контекст за коалицијата на СДСМ со ДУИ), но последните приведувања на Камчев и Мијалков – и уште некои за кои се претпоставува дека ќе следуваат, можеби и додека го читате овој текст – е директен удар во политичкото меѓуножје на Заев!

„Па, не сега и не со тие шпиц-чевли!“, веројатно крикнал Заев, кој деликатно еквилибрира, како струмички факир, околу 80-те гласа во Собранието и околу пожелуваниот, а недостижен раст на економијата!

Се чини тенка таа „жица“ по која оди СЈО: политичарите можат да се пазарат колку сакаат, тие ќе гонат според засновани индиции врз докази, според принципот Кого-удрам-не-жалам. Молам.

Тоа е резултат на љубезноста на Груевски и Мијалков кои на СЈО му оставија во наследство стотици илјади прислушувани телефонски разговори и други видови на нелегално следена комуникација, преполни со криминални содржини. Нивниот обвинителски третман, се разбира, не е сосема без стратегија и тактика (и не дека се секогаш најпаметни!), но тоа е право на легитимната политика во спроведувањето на нивната мисија. Тоа е периметарот во кој „политички“ се движи СЈО, а не резонот на партиската политика во земјата.

И, да, и по закон и по начинот на кој се „роди“ СЈО, тоа има право на странска помош во остварувањето на таа мисија. Цврц! Имаат и сателити и носачи на авиони на располагање. Другата страна располага со крушово топче.

Ова како да не го разбира опозицијата и со постојаните „квичења“ против СЈО си го троши својот кредибилитет, на сметка на стабилната две-третинска поддршка што го ужива кредибилитетот на СЈО во јавноста.

Власта, пак, точно го знае нискиот „плафон“ до каде може да оди во политизирањето на работата на СЈО, ама не може – а и нема каде – да се буни. Си баравте, гледајте.

Тоа значи, може кој што сака да си фантазира и да договара во Собранието и вон него за амнестии, помирувања, милувања и помилувања. Но, како што сега стојат работите, не ми се чини дека ќе има таков кој ќе може да испорача евентуални „помирителски“ ветувања што би ги вклучило и предметите на СЈО. Освен ако не решат здружено, со закон, да го укинат ова обвинителство, макар и низ некаква правна реформска фатаморгана на наводно подобрување на правосудниот систем во земјава.

Ај да видиме има ли такви факири во државава?

 


ЗАБРАНЕТО И ЗА ДЕЛУМНО ПРЕЗЕМАЊЕ ПРЕД 12 ЧАСОТ

Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

 

Share273TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ