• Latest

27 јуни: Спас од екстрадиција, реконструкција, Ел Чека, деполаризација и „озбилно“ со ЦИВИЛ

June 27, 2019
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

27 јуни: Спас од екстрадиција, реконструкција, Ел Чека, деполаризација и „озбилно“ со ЦИВИЛ

ДНЕВНИК: Груевски во лисици пред Унгарскиот суд; Разрешениот Тевдовски се враќа на професурата; Ел Чека и неговите „бомби“; Деполаризација на јавниот дискурс; Богата НАТО агенда; Град Скопје за бездомниците; ЦИВИЛ Медиа новитети

June 27, 2019 16:20
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Груевски во лисици пред Унгарскиот суд

Судот во Будимпешта  го одби барањето за екстрадиција на Никола Груевски во Македонија, според унгарскиот портал www.index.hu. Судијата во својата одлука изјавил дека условите за екстрадиција се меѓународна потерница од првостепениот суд во Скопје и не биле во случај на барање за екстрадиција од страна на Министерството за правда на Република Северна Македонија.

Судот во Унгарија утринава одлучуваше за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта, во ноември минатата година. Рочиштето беше затворено за медиуми. Македонија бара екстрадиција за одлежување на двегодишната затворска казна за набавката на мерцедесот во случајот на СЈО, „Тенк“ и за настаните во Собранието од 27 април. Груевски се појави во судницата со лисици на рацете, со палто преку лисиците, со познатите Мајбах очила и капче со стреа.

Разрешениот Тевдовски се враќа на професурата

Драган Тевдовски, кој вечерва беше разрешен од министерската позиција во ресорот финансии во Владата на Зоран Заев на Фејсбук објави дека се враќа на Економскиот факултет.

„Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.

Што се однесува до премиерот ЗОран Заев кој се повлече од позицијата да биде следен министер за финансии, на денешната собраниска расправа на која се дебатира за предлозите за нови министри во Владата, тој се објаснуваше со опозицијата  и нивното прашање  дали Драган Тевдовски е сменет затоа што не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар. Заев, како одговор, ги отфрли  информациите како неточни и дека Тевдовски всушност секогаш бил „за “ нов Клинички центар.

Ел Чека и неговите „бомби“

Од Министерството за внатрешни работи за ЦИВИЛ Медиа велат дека е дезинформација дека е уапсен Блерим Ахемети, братот на Ел Чека, кој преку својот профил објавуваше прислушкувани разговори на влијателни членови на ДУИ.

Ел Чека доби обвинение од ОЈО за Неовластено прислушкување и тонско снимање по член 151 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Јавното обвинителство укажува дека секое објавување на неовластено прислушкувани разговори е кривично дело согласно член 151 став 2 од Кривичниот законик, во кој е пропишана казна затвор од 1 до 5 години за секој што „ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана“.

Деполаризација на јавниот дискурс

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска се обрати на панел-дискусијата на тема „Деполаризација на јавниот дискурс: македонскиот „невидлив“ критериум за членство во ЕУ“, во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје. Пендаровски истакна дека преку својата изборна платформа се обрзал  дека ќе даде личен придонес за прекинување на политиката на поделби, омраза и конфликти, поврзувајќи ги граѓаните независно од нивното етничко, верско, социјално или друго потекло. Еден од условите за намалување на поларизацијата во општеството, според Пендаровски, е и преку намалување на поларизацијата помеѓу институциите.

Богата НАТО агенда

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вчера и денес во Брисел учествува на министерски состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, втор пат по потпишувањето на пристапниот протокол за членство на нашата земја во Алијансата.

Пред состанокот на Северноатлантскиот совет, Шекеринска разговараше со министерките за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, и на Холандија, Анк Билјевелд Шоутен. Шекеринска изрази очекување дека ратификационите процеси и во овие две пријателски и партнерски земји ќе завршат во кус период.

На средбата со норвешкиот министер за одбрана, Франк Баке – Јенсен, Шекеринска се заблагодари за ратификацијата на пристапниот протокол во норвешкиот парламент. Министерката истакна дека надежта и амбициозниот план на нашата држава, како и посветеноста на сојузниците на прашањето на ратификација покажуваат дека истиот може да заврши во рекордно време, односно до декември годинава.

Град Скопје за бездомниците

Во Пунктот и Прифатилиштето за  бездомни лица во Момин Поток, вчера се пушти во употреба комплетно опремена новa просторија, што ќе се користи како трпезарија за бездомните лица.

„Трпезаријата зафаќа простор од 200 метри квадратни и истата ќе можат да ја користат 40 бездомни лица. Градот Скопјe за оваа намена од Буџетот издвои 1.5 милиони денари. Прифатилиштето е опремено сo кревети, тоалети, чајна кујна и други неопходни средства за функционирање на Пунктот со што ќе може целосно да одговори на потребите на овие лица. Сместувачкиот капацитет на Прифатилиштето минатата година беше зголемен од 16 на 32 кревети“, изјави Петре Шилегов, граодначалник на Град Скопје.

Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје е отворен во 2008 година, а Градот во континуитет финансиски го поддржува функционирањето на прифатилиштето и заедно со Црвениот крст на град Скопје ги следи и излегува во пресрет на потребите на бездомните лица во нашиот град.

ЦИВИЛ Медиа новитети

ЦИВИЛ Медиа од вчера воведе нова рубрика „Озбилно“ за своите читатели на ЦИВИЛ Медиа. Денеска, многу „озбилно“ се третираа две теми „Oткажаниот свечениот пречек на надежниот боксер и екс-премиер Никола Груевски“, како и македонското здравство, со статија од нашиот редовен соработник и меѓународниот експерт д-р Удо Бринкман. Што се однесува до оваа нова рубрика, се предупредуваат читателите да обрнат внимание на дисклејмерот под текстот.

Б. Јордановска

Share43TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ