Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 25. 270 денари и е за 3,1 отсто поголема од мај 2018 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Сепак оваа радосна вест граѓан(к)ите не ја дочекаа со широка насмевка, бидејќи за поврат од „Мој ДДВ“ од 600 денари месечно, едно лице треба да оствари промет од 26.600 денари, доколку сите сметки се со 18 проценти ДДВ, информираа од Управата за јавни приходи.
„Многу сум разочарана што „за малку“ не успеав да го достигнам просекот за да си ја инсталирам играта „Мој ДДВ“. Сега ќе продолжам да си ја играм старата игра, да бркам покемони“, вели со тага во очите, текстилната работничка, Рамизе Митревска.
Работодавците ја охрабруваат Рамизе да продолжи макотрпно да работи и да не губи надеж, дека некогаш ќе го достигне просекот, со тоа што ќе оди на работа и прва, втора, па дури и трета смена… Дотогаш нека не се откажува и да продолжи да брка покемони!
Паритик Евра
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.