Разрешениот поранешен претседател на Кривичен суд, Владимир Панчевски, е предлог на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за замена на Катица Јанева во СЈО.
„Јас само го слушам гласот, статусите на Фејсбук и твитовите на народот. Во изминатиот период, граѓаните живеат во страв и трепет откако дознале дека специјалната обвинителка Катица Јанева, по работно време се бави со „рекет“. Народот јасно и гласно кажаа – „Ако не Панчевски да го вратиме (поставиме) на местото на Катица?“.
Тој додава дека Панчевски е добар како „центарфор“ кој успева да ги измами судиите кога е во „офсајт“, односно знае и да одглуми пенал за својата екипа кога е напотребно. Партијата се реши Панчевски да ги застапува интересите на ВМРО-ДПМНЕ во СЈО, откако внатре во партијата направија длабинска анализа на сите „Фејсбук“ статуси и твитови на „Твитер“, а конечното решение го донесе надворешниот консултант со седиште во Будимпешта!
Мицкоски додава дека ова го прави и од хуман аспект, бидејќи Панчевски бил исфрлен од работа како партал и останал на улица.
За греоата…
Пипо Инзаги
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.