Доколку премиерот Зоран Заев не прогласи предвремени парламентарни избори, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ најавува масовни протести по летниот распуст.
„Народот е тој што одлучува. Ние како партија само ги следиме новните потреби и барања. Уличните протести во Скопје ќе бидат на есен, бидејќи немаме толку лежалки и креми за заштита од сонце. Башка, најголемиот дел од членството е на одмор во Грција и останатите предавнички земји. А дел од нашите членови се болни и треба да одат на лечење на некое „лековито“ место, како на пример во Панама, Малдиви, Ибица…“, велат од партијата.
Од партијата додаваат дека протестите на есен се погодни и за тоа да може граѓаните да си споделат и некои рецепти за туршија…
Пушим Пушим
Оградување, одбрана и заштита: Секоја сличност на овој текст со реалоноста е (не)намерна.