• Latest

Со буџет од над 300 милиони денари, Цивика Мобилитас ќе придонесува кон општествените промени

August 24, 2019

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026

Севернокорејски хакери поврзани со рекордна кражба во вредност околу 6,36 милијарди долари од криптоберзата Binance

October 30, 2026
Илустрација ВИ

Власта во Србија меѓу рокот за конституирање и механизмите за одолговлекување на СНС

October 30, 2026

Напад со три поморски дрона во Црното Море: Потона брод, сите 18 морнари се спасени

October 29, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки чека храна и лекови: Прекин на огнот во украинскиот град под руска окупација

October 29, 2026

Избори во Израел: Обвинувања за изборни нерегуларности, арапските партии со рекорден резултат, неизвесни коалициски преговори

October 29, 2026

Светската банка: Енергијата поскапува 32%, растот на цените на храната ќе продолжи и во 2027 година

October 29, 2026

Москва е најголемиот губитник од падот на Орбан и Вучиќ

October 29, 2026

Избори во Србија: Прегласување на 53 избирачки места на 1 ноември, Студентската листа во предност

October 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Со буџет од над 300 милиони денари, Цивика Мобилитас ќе придонесува кон општествените промени

Визијата на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што би резултирало со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.

August 24, 2019 11:00
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Цивика Мобилитас е програма за поддршка на граѓанското општество на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) што ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) од Шведска.

Цивика Мобилитас со доделување на новите институционални, акциски и ад-хок грантови на 9 јули 2019, ја  интензивираше третата фаза од  програмата што започна на 1 јануари 2019 година и ќе трае до 31 декември 2022 година.

Визијата на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што би резултирало со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.

Затоа граѓанските организации што влегоа во семејството на Цивика Мобилитас се од секторот на информации, комуникации и медиуми; но и во секторите за човекови права развој на граѓанското општество, владеење на правото, антикорупција, ЛГБТИ, добро владеење, животна средина, и деца, млади и студенти.

Од грантистите во наредниот период се очекува создавање подобри услови за развој на граѓанското општество преку креирање механизми за подобра соработка помеѓу властите и граѓанските организации и зголемување на јавното финансирање за граѓанското општество, граѓанските организации да овозможат активно учество на граѓаните во граѓанските иницијативи како и во волонтерските активности и да создадат услови за добра меѓусебна соработка и партнерства. Се разбира, една од активностите што позитивно би влијаеле на општествените промени е нивното активно учествуво во јавните политики и носењето одлуки кои водат кон подобри политики и практики.

ЦИВИЛ е еден о институционалните грантисти на Цивика Мобилитас која на доделувањето на сертификатите беше претставена како организација која во наредните три години ќе работи на унапредување на човековите права и слободи преку спојот на активизмот, аналитиката и медиумската продукција како дел од нејзините проектни активнсости и како организација со долгогодишно искуство во изборните процеси и заштитата на гласачкото право.

За институционални грантови се пријавиле 144, а добитници се 15 граѓански организации, додека за акциски грантови се пријавиле 131, а добитници се 12 организации. Вкупниот буџет за три години изнесува 318.600.000 денари.

Новитет во програмата на Цивика Мобилитас е списанието „Граѓаните за промена“ како гласник на програмата но и на целото граѓанско општество. Списанието им е посветено на граѓаните како корисници на услугите на граѓанските организации но, исто така и како иницијатори и учесници во општествените промени. Првиот број опфаќа период од шест месеци, а следните изданија ќе бидат квартални. Списанието ќе се подготвува и објавува на македонски, албански и на англиски јазик и ќе има само електронска верзија.

Б. Јордановска

Share63TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ