• Latest

Бранимир Јовановиќ за можните излези од политичката криза (3 дел)

August 22, 2019
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
Фото: Руска нафтена инсталација. Скриншот од видео на MIRROR NOW

Кина ја зграпчува руската нафта откако побарувачката од Индија се намалува по царините на Трамп

August 20, 2025

Во јуни исплатени 830.336.364 денари за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Бранимир Јовановиќ за можните излези од политичката криза (3 дел)

Јовановиќ со својата презентација на остварени и неостварени ветувања и реформи, со фокус на политичката одговорност, предизвика огромен интерес кај учесниците на семинарот кои имаа свои видувања, но и прашања за можните промени кон подобро

August 22, 2019 15:33
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Не би се согласил дека ниту еден закон не се сменил. Се сменија неколку закони, но дефинитивно можеше подобро. Проблемот не го лоцирам во тоа што не се менуваат законите на големо, како што правеа претходиниците, туку го лоцирам проблемот во тоа што се ветуваше нешто што потоа не се реализираше. Не велам дека сите закони што ВМРО-ДПМНЕ ги донесе ние треба сега да ги смениме и ревидираме. Не. Туку она што е кажано да се реализира“, одговори д-р Бранимир Јовановиќ, граѓански активист и експерт за финансии, поранешен советник на екс-министерот за финансии д-р Драган Тевдовски,  во завршниот дел од своето излагање на семинарот на ЦИВИЛ „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“.

Јовановиќ со својата презентација на остварени и неостварени ветувања и реформи, со фокус на политичката одговорност, предизвика огромен интерес кај учесниците на семинарот кои имаа свои видувања, но и прашања за можните промени кон подобро.

Семинар „Транспарентност и одговорност во политичките процеси“, Велес, 15 август 2019/ Фотографија Б. Јордановска, ЦИВИЛ

Еден од предлозите на учесниците за можно решавање на одредени проблеми, но и лоцирање на одговорно однесување кон одредени промени, беше да се користи референдумот како алатка за притисок врз власта за да се променат работите во интерес на граѓаните. Прашањето беше дали тие можат да понудат некаков излез за било кое прашање што ги засега граѓаните.

„Референдумите се добри само во одредени ситуации. Тоа со референдумите може да има ефект за помали локални прашања, ама не можете за секоја работа да имате референдум. Тие се покажаа како добра алатка во југоистокот со рудниците, но внимавајте, од 6 референдуми, само првите 3 беа успешни. Луѓето се заситуваат од референдуми. Може да имаат одредена моќ, ама не се универзален лек…“, одговори Јовановиќ појаснувајќи дека и тој како дел од системот се обидел нешто да смени одвнатре, но она реализираното е многу малку за да ја задоволи јавноста.

„Добра алатка се граѓанските иницијативи. Крај за расипништвото е една таква иницијатива на ЦИВИЛ, со цел укинување на привилегиите на функционерите.“ Џабир Дерала, ЦИВИЛ, семинар „Транспарентност и одговорност“, Велес, 15 август 2019/ Фотгорафија: Б. Јордановска, ЦИВИЛ

„Мислам дека во оваа ситуација мислам дека некоја дополнителна активност, како референдумот, е залудна. Условите не се поволни за да се направи нешто. Јавноста е толку настрвена кон власта, толку е падната довербата, така што и да направите ќе ве критикуваат.  Таква е ситуацијата што и да фрлате пари од хеликоптер, ќе ве критикуваат… Ситуацијата е таква да нема поента од некакво организирано политичко делување, мора системот да падне во тешка криза и потоа, како партизаните што правеле држава, да правиме и ние“, заклучи Јовановиќ.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ, понуди и поинаква можност за делување, освен куферите и излез преку граница.

„Добра алатка се граѓанските иницијативи. „Крај за расипништвото“ е една таква иницијатива на ЦИВИЛ, со цел укинување на привилегиите на функционерите. Во моментот кога ја објавивме на Фејсбук, иницијативата имаше илјадници поддржувачи. Кога ја ставивме онлајн како петиција на change.org, до овој момент има над 2.500 поддржувачи. Што кажува ова? Ова зборува за едно ретерирање на граѓанките и граѓаните, кога ќе дојде моментот за одлучен чекор да се направи, одеднаш тие почнуваат да покажуваат извесни резерви. Но, ние нема да запреме тука додека не ги исцрпиме сите можности, а од септември ќе почнеме и со јавен притисок врз Собранието. Имајте предвид дека на располагање ни е алатката 10.000 потписи за промена на закон…“, потенцираше Дерала.

Дерала, во контекст на излагањето на Јовановиќ, потенцираше дека најголемата одговорност ја гледа во оние што располагаат со јавните пари.

„Мора да се внимава при донесувањето на законите. Тие треба да се носат од луѓе што имаат пракса, затоа што некои од нив убаво звучат кога ќе ги прочитаме, а во пракса се многу тешко спроведливи“, заклучи една од учесничките на семинарот.

„На оваа власт, барем за носење на закони треба да ѝ се даде признание. Во однос на претходната власт, има подобрување. Нема веќе по сто закони да се носат одеднаш, по брза постапка се носат далеку помалку. Треба време за да се спреми закон. Во поглед на тоа како треба да се пишуваат закони, еден пример од лично искуство, со спремање на законот за прогресивниот данок. Кога го спремавме ги консултиравме сите, и професори од правен факулстет, но и сметководители, луѓе што секојдневно го работат тоа во пракса. Тоа е најбезболно. Треба да се има тим во кој ќе бидат опфатени секакви профили на луѓе. Не смее да се брза со законите. Потребна е минимум година дена за спремање на целосно нов закон“, одговори Јовановиќ.

Семинарот „Граѓански објектив: Транспарентност и одговорност во политичките процеси“ е дел од истоимениот проект, финансиран од National Endowment for Democracy.

Биљана Јордановска
во соработка со Игор К. Илиевски
камера: Дехран Муратов
монтажа и фотографија: Биљана Јордановска


ЦИВИЛ во наредните денови ќе го објави и излагањата на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.


Бранимир Јовановиќ за (не)одговорноста во спроведувањето на владините реформи (1 дел)

Јовановиќ: Каде згреши оваа власт? (2 дел)


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.


Со преземање спротивно на Условите на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 25.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.

Доколку некоја содржина е потпишана со ЦИВИЛ Тим за комуникации, тогаш преземањето е дозволено во целост.

Print Friendly, PDF & Email
Share44Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ