• Latest
Добро утро со Орданоски

Приказната на г-ѓа Лидија Лазова

December 23, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Приказната на г-ѓа Лидија Лазова

Тоа е трогателна приказна и за шокантната бесчувствителност на нашиот правосуден систем: од полицајците кои апсат, преку обвинителите и судиите, до затворските чувари... Тоа е скандалозна приказна и за условите во нашите (тогашни, сегашни) затвори – на пример, деведесет дена во самица, метар и пол на два, во битолска зима од минус 20, без греење и со ѕидови од кои тече вода, со четири дена прегорена сијалица, за злоупотреби на патарина?!?!

December 23, 2019 07:22
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Во саботата, како дел од публиката, присуствував на панел-дискусијата на ЦИВИЛ „Жртви на режимот – сведоштва и слики“. Мислам дека секој полнолетен граѓанин на оваа држава би требало – да не кажам дека би морало! – да го одгледа, во таа прилика, сведочењето на г-ѓа Лидија Лазова, своевремено, со десетици свои колеги, уапсена, притворена, а потоа и осудена во случајот „Калдрма“. Памтите, тоа беше, за потребите на пропагандата на претходната власт, едно од оние масовни апсења пред камери, ова во 2012 година, на луѓе кои беа осомничени за злоупотреби при наплатата на патарините.

Потоа 86 души беа осудени на, вкупно, близу три и пол века затвор. Преродбата газеше напред.

Погледајте го сведочењето на г-ѓа Лазова. Тоа не е само сторија, раскажана од многу личен агол, за изживувањата на режимот на г. Никола Груевски и за пропаста на една жена и нејзиното семејство. Тоа е приказна за сите меѓу нас кои беа и сè уште се вљубени во груевизмот. Кои се вљубени во владеење со „цврста рака“ – чија било! – за кои дисциплината е поважна од слободата, партијата од правдата, а поединечните човечки судбини им се неважни во споредба со потребата да се остане или да се дојде на власт.

Тоа е трогателна приказна и за шокантната бесчувствителност на нашиот правосуден систем: од полицајците кои апсат, преку обвинителите и судиите, до затворските чувари… Тоа е скандалозна приказна и за условите во нашите (тогашни, сегашни) затвори – на пример, деведесет дена во самица, метар и пол на два, во битолска зима од минус 20, без греење и со ѕидови од кои тече вода, со четири дена прегорена сијалица, за злоупотреби на патарина?!?!

Такви документарци сме гледале за занданите во Јужна Африка за време на апартхејдот и сме останувале без здив за тоа не само што може системот да му направи на поединецот, туку и како луѓето во системот, во негово име, стануваат отелотворение на баналноста на злото. Како човек човеку може да биде волк. Или барем стаорец.

Но, тоа е приказна и за една голема, изневерена надеж дека, кога ќе падне една власт, следната ќе се обиде да ги поправи, или барем да ги провери, неправдите кон жртвите на претходната власт. Цела булумента бивши и сегашни надлежни функционери – „бившите“, во голем број, се сè уште и сегашни! – не се заинтересирани за тоа. Немаат ни време, ни волја да се занимаваат со поединечните трагедии на жртвите од претходната власт. Бркаат политика. Идат избори.

Тогашната власт, сегашна опозиција, пак, е презафатена со тврдењата дека оваа власт произведува нови жртви… Нема во тоа ни трунка грижа на совест, авторефлексија, барем извинување. Има само распенавена желба, полна со нови закани, пак да се освои власта.

Сега, пак, некогашната толпа од пред телевизиските екрани, десетина години учена да биде гладна за скандали и „крв“ во режија на режимската пропаганда, се пресели, главно, на социјалните мрежи. Злото кое таму секојдневно се блуе врз приведени и осомничени е скандал поголем од кој било криминал за кој можеби некој ќе биде обвинет, а којзнае дали и осуден. На Фејсбук си мртов и ако униформирани лица ти заѕвонат дома за неплатен сообраќаен прекршок – ќе ве сними соседот низ шпиунката на вратата… А, потоа, до трето колено!

Всушност, сведочењето на г-ѓа Лидија Лазова е приказна за сите нас. Ние, што се остриме пак да (не) одиме на избори.

Нека не ве мрзи, погледајте го видеото, потрошете петнаесетина минути, вреди барем еден ден да не ви биде сеедно.


Сите права се задржани. Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ