• Latest

2 март: Максимални оценки и препораки од Брисел за македонските интеграции

March 2, 2020
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател Болсонаро планирал да избега во Аргентина барајќи азил, обвинува бразилската полиција

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Каја Калас: Предложените концесии на земјиште од Украина се стапица на Путин, најсилната безбедносна гаранција е силна украинска армија

August 22, 2025
Фото: Министерство за правда

Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Израелскиот  министер за одбрана: Градот Газа ќе биде срамнет со земја ако Хамас не се согласи со нашите услови

August 22, 2025

Гардијан: Податоците на ИДФ покажуваат 83% стапка на смртност на цивили во Газа

August 22, 2025
Фото: Скриншот

Над 20 земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

August 22, 2025
Фото: Центар за управување со кризи

ЦУК: Осум активни пожари низ државата

August 22, 2025
Фото: Тулси Габард / Х

Шефицата на разузнавањето на Трамп наредила прекин на споделувањето разузнавачки информации за мировните преговори меѓу Русија и Украина со сојузниците 

August 22, 2025

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

August 22, 2025

Од коментари до промени: Време е да ги поставиме прашањата што навистина значат нешто

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

2 март: Максимални оценки и препораки од Брисел за македонските интеграции

March 2, 2020 21:16
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Значаен напредок, зголемени напори и исполнети услови за старт на преговори со Северна Македонија, стои во извештајот на Европската комисија

Во Извештајот на Европската комисија за исполнувањето на условите за преговори, кој е основата врз која земјите членки на ЕУ треба да одлучат овој месец дали ќе дадат зелено светло за нивно започнување, се оценува дека Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.

Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела.

Во извештајот се оценува дека Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.

Документот заклучува дека со оглед на „значајниот остварен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни 2018, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 дека Советот треба да започне преговори со Северна Македонија. Општо земено, Северна Македонија ги зголеми своите напори и испорача опипливи и одржливи резултати во клучните области“.

БЛИЦ: Не видовме колку сме добри од црната магла на антимакедонската пропаганда

Џабир Дерала: Од секојдневниот, организиран напад против правната држава, не успеваме навистина да ги лоцираме и критикуваме погрешните чекори. На секој чекор блокада и закана. Како да не се работи за нашите животи, како да не се работи за нашата земја.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

ЗАЕВ: Извештајот на ЕК нè израдува, тоа е потврда дека сме на европскиот пат

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ: Европската комисија ја одржува надежта

Зелено светло и препорака до Советот на Европа за започнување на преговори со Северна Македонија. Земјата интензивно се подготвува за избори

ИНТЕРВЈУ НА ДЕНОТ: Хшебичкова, Томан: Северна Македонија е на добар пат

Во екот на предизборието, распуштањето на Собранието и носењето на Законот за Јавно Обвинителство, ЦИВИЛ Медиа разговараше со амбасадорот Н.Е. Мирослав Томан и Специјалната пратеничка на министерот за надворешни работи на Република Чешка, Н.Е. Јанина Хшебичкова. Разговаравме за нивните оценки за актуелните состојби во земјата, но и за чешкото искуство во процесот на пристапување кон ЕУ.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Северна Македонија има воспоставен систем за одговор за справување со евентуален бран мигранти, сите надлежни институции ги активираат своите оперативни планови, било констатирано на денешниот состанок на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

Рано е да се зборува за бројки за финансиски штети поради корона вирусот, будно се следи состојбата, а државниот Буџет е во добра кондиција во првите два месеца и имаме капацитет во секој момент да се справиме со какви било шокови,  вели министерката за финансии Нина Ангеловска.

Првична реакција, укажува, имаше на пазарот на капитал, а засега се можни евентуални последици во транспортната и туристичката дејност поради откажаните аранжмани, како и кожарската индустрија што соработува во регионот на Северна Италија.

Во изминатото деноноќие нема новопријавени пациенти со индиции за корона вирус. Единствената пациентка кај која беше потврден корона вирус е добро, е на Клиниката за инфективни болести, и веќе трет дена нема температура, што значи дека состојбата се стабилизира и таа закрепнува. Карантинот, односно изолацијата се одвива добро и без проблеми. Нема проблеми во делот на полициски надзор.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој посочи дека епидемиолозите се во редовен контакт со луѓето кои се во домашна изолација.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Повикот за краткорочни набљудувачи на ЦИВИЛ е уште отворен со оглед на големиот интерес. Поради можноста да се зголеми обемот на изборниот мониторинг, ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Заев упорно се занимаваше со објаснување и одбрана на политиките во државата, а Мицкоски опсесивно се занимаваше со Заев. Потсвесно, Мицкоски разбира дека, дури и да победи на изборите – всушност, ЗА ДА ПОБЕДИ на изборите – мора да обезбеди континуитет на главните политики на Заев, бидејќи нема алтернатива на тие политики“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна – Поразот на „Луј Витон“ против НАТО.

Голема победа за граѓаните и европската иднина, тажен ден за криминалците и лудаците, пишува Петрит Сарачини, коментирајќи го нацрт извештајот на Европската комисија.

Маја Ивановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ