• Latest

Не видовме колку сме добри од црната магла на антимакедонската пропаганда

March 2, 2020

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Не видовме колку сме добри од црната магла на антимакедонската пропаганда

Од секојдневниот, организиран напад против правната држава, не успеваме навистина да ги лоцираме и критикуваме погрешните чекори. На секој чекор блокада и закана. Како да не се работи за нашите животи, како да не се работи за нашата земја.

March 2, 2020 20:54
in БЛИЦ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Пред самиот крај на овој долг пат, изгорени претходниот пат, треба да бидеме претпазливи до последниот миг, пред навистина да го започнеме процесот на преговори за членство во ЕУ. Ова се часови и кога црната пропаганда ќе ги јавне највисоките коњи и ќе јава до последниот здив. Само да не станеме членка на ЕУ. Бидејќи, за криминалните структури и нивните соучесници со умисла, ова е битка на живот и на смрт. Да, мора да се направи разлика меѓу оние што, со умисла, се борат против нашата заедничка европска иднина и оние што од глупост, суета или замаеност од алуминиум ги држат опашките на антизападната пропаганда.

Како што ќе напишат и изјават уште многумина во деновите пред нас, овој документ на Европската комисија е уште едно големо признание. Читајќи го нацрт документот во кој се даваат максимални оценки и препорака за старт на преговорите за ЕУ интеграции, може некој да каже дека во домашната јавноста има помалку свест и признание за постигнувањата, отколку кај строгите оценувачи во Брисел. Но, навистина, од овој документ, малку шеговито, а уште повеќе сериозно: Не видовме колку сме добри! Не видовме колку сме добри од црната магла на жестоката антимакедонска и антизападна пропаганда.

Попрво, има премногу цинизам и негирање, а премалку прифаќање на фактите какви што се, за притоа да се создаде простор и за поставување добри и критички прашања… Како процесите да ги забрзаме уште повеќе, а животот да го направиме подобар, поубав и полесен? Како никој во јавноста да не сака да го постави тоа прашање, а уште помалку да го одговори. На секој извештај, на секоја изјава за постигнувањата, на секој повик за вклучување во напорите да се справиме со последиците од режимот – отров.

Со други зборови, од прашината што ја креваат црните пропагандисти, често не успеваме да ги согледаме реалните проблеми. Од секојдневниот, организиран напад против правната држава, не успеваме навистина да ги лоцираме и критикуваме погрешните чекори. На секој чекор блокада и закана. Како да не се работи за нашите животи, како да не се работи за нашата земја. Не можеме да учествуваме и да ги поддржиме успесите, а притоа да не бидеме „спружени“ од криминалната клика под диктатот на еден азилант во плишани папучи.

Од нацрт-оценката на Европската комисија можеме, уште еднаш, да „научиме“ дека владеењето на правото е најважно во овој процес. И дека Законот за јавно обвинителство и неговото донесување не е ни оддалеку неважен чекор, туку напротив, таквата решителност нѐ донесе до овде, каде што сме сега. Но, за да зачекориме со сигурен чекор, треба да ѝ се отсвири крај на неказнивоста за организираниот, криминален атак на македонските национални интереси.

 


Сите права се задржани.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ