• Latest

Државата гори, албанската опозиција се чешла

March 16, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Државата гори, албанската опозиција се чешла

March 16, 2016 14:30
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Уставниот суд, која му овозможува на шефот на државата да помилува лица кои извршиле изборен кримиминал и други сериозни кривични дела, повторно ја поларизираше Македонија. Вчера, од двете страни на барикадите – граѓани. Од едната страна – оние, кои и покрај пеколниот живот и секојдневната борба за опстанок, со достоинство и храброст бараат слобода. Од другата страна –  оние кои умираат секој ден за 200-300 евра и доброволно го прифаќаат ропството и диктатот на партиите на власт.

Пишува: Петрит Сарачини
Пишува: Петрит Сарачини

Вчера и денес, сите ние како граѓани изедовме уште еден срам. Контрапротестантите и организираната фаланга на власта, како и нивните инсталации во Судот, повторно ги ставија законот, Уставот, државата – пред свршен чин. Надвор од законот и со “асистенција” на полицијата, која го спречи легално и уредно најавениот и пријавен протест на граѓаните, но не ги спречи узурпаторите на просторот за овие протести пред Уставниот суд. Надвор од неговите акти, беше донесена одлука да се затвори расправата на судот за јавноста.

Но, едно нешто ме мачи малку повеќе. Синоќа на протестот видов стотици Албанци. Дојдоа неорганизирано и неструктурирано, како слободни граѓани, како што им доликува. Но, каде беше во оваа приказна албанската опозиција, таа која што за ова прашање треба да предничи во мобилизирањето на луѓето? Никаде. Со денови и недели, иако ова прашање ја преокупира јавноста во земјата, не видовме некаква јавна мобилизација или пак јасно и гласно да слушнеме што мислат неколкуте албански опозициски партии за ова. Веројатно имаат поважни работи, како што гледаме …

Има и од оние кои велат дека ова е конфликт помеѓу Македонците, и дека Албанците не треба да се мешаат во ова прашање. Според оваа логика, излегува дека Уставот им припаѓа само Македонците?!? Невиден политички дилетантизам е да бараш права за Албанците, а да не се мешаш во работите на Уставот. А, оние двајца Албанци во Судот кои гласаа со достоинство, чии се? Крадењето на избори кое на Албанците им го донесе камшикот на Груевски, а со тоа и Енциклопедијата, Монструм, Бродец, убиства, тепање…, не ги интересирало нашите партиски патриоти, кои, по сè изгледа, не гледаат на патриотизмот многу поразлично од ДУИ и ДПА. До знамето и празните зборови. Ниту чекор понатаму.

Некои велат дека нема да излезат за СДСМ и Заев, кој ги поддржа протестите, затоа што не беа објавени “бомбите” за “Монструм”. Потполно се согласувам дека требаше да се објават штом веќе беа најавени, и дека македонската опозиција се однесуваше опортунистички и малку ги разочара Албанците и ги изневери големите очекувања што ги имаа од неа. Но, беа објавени многу други батаклаци – од “до смрт”, “Индијанци”, отворен говор на омраза од страна на врвот на владејачката партија, фаќањето за врат на Албанците, па се до “соголувањето” на ДУИ, симболизирано во оној што сака на Албанците да им биде татко со тоа што ќе им … мајка. Еве, да речеме дека Заев не е искрен со Албанците, но што е она што го прави албанската опозиција во овој контекст? Потребни ни се повеќе докази за криминалците на власт? Една година помина, со само еден сериозен протест на некоја албанска опозициска партија. Вака мислат овие лепотани да победат на избори?

10603961_923762267742243_2506451570786203865_o

Албанците не се глупави. Доказот за ова го видов и на 17 мај, го видов и вчеравечер. Доказот, но и сметката за ова ќе им дојде и на албанските партии, и на оние во опозиција, и на оние на власт, за време на изборите. Ако продолжат вака, да се занимаваат со самите себе, наместо со реалните потреби и прашања, гласовите на Албанците нема да отидат на нивна сметка. Затоа што ќе им изгорат гласовите, а ВМРО-ДУИ ќе останат на власт. Албанците го знаат ова добро, и пред дилемата – килава опозиција или гласање за помалото зло, ќе го направат својот избор.

Да пукнеш од мака. Особено кога знаеш дека целата оваа работа може да се реши за две минути. Нека се ​​соберат, нека го повикаат народот да излезе, нека работат заедно, и меѓу себе но и со македонската опозиција, на падот на криминалците. Потоа, нека работат сите за што побргу да има редовни слободни избори и, тогаш, нека ги измерат силите.

Сè друго е само демагогија и очигледна демонстрација на неспособноста да се занимаваат со политика во овие клучни моменти за сите македонски граѓани, вклучувајќи ги и Албанците. Или нека поведат, или нека се тргнат настрана.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АлбанциДПАДУИконтрапротестиПетрит СарачиниПротестиСДСМУставен судЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ