• Latest

ДИK го зголеми надоместокот за изборната администрација за 100%, Антикорупциска ќе бара Закон за потекло на имот, ЦИВИЛ повика на граѓанско учество во креирањето политики…

August 7, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДИK го зголеми надоместокот за изборната администрација за 100%, Антикорупциска ќе бара Закон за потекло на имот, ЦИВИЛ повика на граѓанско учество во креирањето политики…

August 7, 2020 16:59
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ДИК ќе го зголеми надоместокот за членовите на избирачките одбори за 100%

Државната изборна комисија на денешната седница едногласно донесе одлука за сто проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на Избирачките одбори, за 20 проценти на членовите на Општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа во изборниот процес да добијат по 6.000 денари.

Сумите не се награда за сработеното, тука се реален надомест за секој учесник во изборниот процес во рамки на неговите обврски и надлежности, што ги сработил успешно и професионално согласно тешките здравствени аспекти, велат од ДИК.

ЦИВИЛНИ ВЕСТИ

Кажете го своето мислење: Кои се вашите барања од новата влада?

ЦИВИЛ ги повикува сите свои членови и поддржувачи, соработници сите граѓанки и граѓани да ги споделат своите очекувања, предлози и барања за идната Влада на Република Северна Македонија. Оваа најнова акција го носи називот: „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.

Најдобрите прилози ќе бидат објавени, а авторите на најквалитетните текстуални и видео прилози ќе добијат и паричен надоместок (хонорар), соодветно на проектните и буџетските можности на организацијата.

Каква влада очекувате да формира мандатарот? Што треба да направи владата, каква програма треба да донесе? Што им е најважно на граѓанките и граѓаните? Како да се оствари тоа?

ФЛЕШ ВЕСТИ

Претседателката на Државната антикорупциска комисија Билјана Ивановска, поради фактот што не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свои име, најави дека од новите пратеници ќе бараат Закон за потекло на имот.

Народниот правобранител упати мислење до Министерството за образование и наука во кое истакнува дека императив за надлежните е да ги остварат сите предуслови за дигитализација на наставата, но при тоа таа да биде достапна за сите ученици.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните.

Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население во Бејрут.

Комисијата за заразни болести со зелено светло за отворање на училиштата на 1 септември, се чека владина одлука.

ИНТЕРВЈУ

Дудуш: Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ за граѓаните да имаат подобра иднина

СЛОБОДНА ЗОНА

Тешко дека Македонија ќе излезе од долгогодишната многу тешка политичка, економска и социјална кризна ситуација, доколку на власт се вратат или останат тие што во оваа криза ја донесоа, дури и премиерот да биде Албанец, поентира Џевдет Хајредини

Колумна на Јане Ѓорѓоиоски „Ти ли си тој „педер“?!“: Беким Асани пред некој ден беше физички нападнат од двајца напаѓачи, затоа што е геј и ЛГБТИ активист. Нападот се случил во Тетово, во непосредна близина на канцеларијата каде работи. – Ти ли си тој педер?! – биле зборовите кои претходеле пред двајцата насилници да го нападнат и удираат Беким со боксови по лицето и телото. За среќа Беким сега е добро. Беким имаше среќа овој пат. Овој пат?! Не знам дали ќе му останат лузните на лицето, но лузни после вакви атаци поради различна сексуална ориентација, во нашето секојдневие ќе останат сигурно.

Илјадници пати е кажано и докажано во безброј горчливи инциденти. Говорот на омразата е оружје. Тоа е орозот на вистинското физичко насилство. Тоа е оружје на криминалците кои со заканата со насилство ги бранат своите кривични дела, збогатувањето на криминален начин, со кражба на јавните пари…, пишува Џабир Дерала во колумната „Безмозочна партиска зомби пешадија“, а во синоќешниот полноќен коментар на дневните настани, пишува: „Патот до Илинденска бб не води преку грбот на трикратен лузер…“

Институтот правична застапеност во Македонија е доведен до апсурд кој ги брише идеологиите, ги брише различните вредности кои ги застапува одредена група граѓани, го брише индивидуалното, и одново и одново ја наметнува психологијата на колективитетот, вели професорката Мирјана Најчевска во колумната „За етницитетот, кастите и лажните авторитети“.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ