ДИК ќе го зголеми надоместокот за членовите на избирачките одбори за 100%
Државната изборна комисија на денешната седница едногласно донесе одлука за сто проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на Избирачките одбори, за 20 проценти на членовите на Општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа во изборниот процес да добијат по 6.000 денари.
Сумите не се награда за сработеното, тука се реален надомест за секој учесник во изборниот процес во рамки на неговите обврски и надлежности, што ги сработил успешно и професионално согласно тешките здравствени аспекти, велат од ДИК.
ЦИВИЛНИ ВЕСТИ
Кажете го своето мислење: Кои се вашите барања од новата влада?
ЦИВИЛ ги повикува сите свои членови и поддржувачи, соработници сите граѓанки и граѓани да ги споделат своите очекувања, предлози и барања за идната Влада на Република Северна Македонија. Оваа најнова акција го носи називот: „Граѓански форум за учество во креирање на владините политики“.
Најдобрите прилози ќе бидат објавени, а авторите на најквалитетните текстуални и видео прилози ќе добијат и паричен надоместок (хонорар), соодветно на проектните и буџетските можности на организацијата.
Каква влада очекувате да формира мандатарот? Што треба да направи владата, каква програма треба да донесе? Што им е најважно на граѓанките и граѓаните? Како да се оствари тоа?
ФЛЕШ ВЕСТИ
Претседателката на Државната антикорупциска комисија Билјана Ивановска, поради фактот што не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свои име, најави дека од новите пратеници ќе бараат Закон за потекло на имот.
Народниот правобранител упати мислење до Министерството за образование и наука во кое истакнува дека императив за надлежните е да ги остварат сите предуслови за дигитализација на наставата, но при тоа таа да биде достапна за сите ученици.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека одлуката за зголемување на цената на струјата е избрзана и зголемување ќе падне на товар на граѓаните.
Црвениот крст на Република Северна Македонија се приклучува кон хуманитарната донација со цел ублажување на последиците и пружање помош и поддршка на настраданото население во Бејрут.
Комисијата за заразни болести со зелено светло за отворање на училиштата на 1 септември, се чека владина одлука.
ИНТЕРВЈУ
Дудуш: Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ за граѓаните да имаат подобра иднина
СЛОБОДНА ЗОНА
Тешко дека Македонија ќе излезе од долгогодишната многу тешка политичка, економска и социјална кризна ситуација, доколку на власт се вратат или останат тие што во оваа криза ја донесоа, дури и премиерот да биде Албанец, поентира Џевдет Хајредини
Колумна на Јане Ѓорѓоиоски „Ти ли си тој „педер“?!“: Беким Асани пред некој ден беше физички нападнат од двајца напаѓачи, затоа што е геј и ЛГБТИ активист. Нападот се случил во Тетово, во непосредна близина на канцеларијата каде работи. – Ти ли си тој педер?! – биле зборовите кои претходеле пред двајцата насилници да го нападнат и удираат Беким со боксови по лицето и телото. За среќа Беким сега е добро. Беким имаше среќа овој пат. Овој пат?! Не знам дали ќе му останат лузните на лицето, но лузни после вакви атаци поради различна сексуална ориентација, во нашето секојдневие ќе останат сигурно.
Илјадници пати е кажано и докажано во безброј горчливи инциденти. Говорот на омразата е оружје. Тоа е орозот на вистинското физичко насилство. Тоа е оружје на криминалците кои со заканата со насилство ги бранат своите кривични дела, збогатувањето на криминален начин, со кражба на јавните пари…, пишува Џабир Дерала во колумната „Безмозочна партиска зомби пешадија“, а во синоќешниот полноќен коментар на дневните настани, пишува: „Патот до Илинденска бб не води преку грбот на трикратен лузер…“
Институтот правична застапеност во Македонија е доведен до апсурд кој ги брише идеологиите, ги брише различните вредности кои ги застапува одредена група граѓани, го брише индивидуалното, и одново и одново ја наметнува психологијата на колективитетот, вели професорката Мирјана Најчевска во колумната „За етницитетот, кастите и лажните авторитети“.
Биљана Јордановска