– Човечкото битие во основа би требало да биде состав од мноштво идентитети коишто со нивното преплетување внатре во човекот, како физикус, како интелектуално битие, создаваат една целина. Кога таа целина се дели, односно, кога од таа целина се зема еден дел, за утилитарни потреби, занемарувајќи ги другите делови од таа целина, тогаш се добива само делумна слика, одговор, движење, квалитет без потребната одличност што ја носи во себе комплетното човечко битие.
Дијана Тахири
Цитат од колумната „Моите идентитети не се само потребни проценти“, во публикацијата на проектот „Губење на идентитетот, или…?
објавено на 11.01.2018 година, Скопје, ЦИВИЛ
Рубриката ЦИТАТИ е простор каде што издвојуваме цитати од текстови, претежно објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ. Редакцијата е отворена кон сугестии од своите читателки и читатели. Содржините објавени во оваа рубрика се слободни за преземање од другите медиуми, под услови пропишани во лиценцата Creative Commons 4.0.