• Latest

Кардула: Мора да покажеме зрелост и сите заедно да осудиме секаков вид на говор на омраза, тука нема компромис

October 29, 2020
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
Фото: ФБ Мицкоски

Полицијата повика неколку лица на информативен разговор за националистичките скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Кардула: Мора да покажеме зрелост и сите заедно да осудиме секаков вид на говор на омраза, тука нема компромис

October 29, 2020 11:57
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Никогаш не сум можел да го разберам национализмот и нетрпеливоста кон другиот само затоа што припаѓа на друг етникум. Имаме еден живот и да го потрошиме на таква баналност е недозволиво“ – вели познатиот ликовен уметник и дизајнер, Зоран Кардула за ЦИВИЛ МЕДИА. Специфичниот ликовен израз на Кардула претставува вистинско богатство кое овој уметник, интелектуалец и активист ѝ го подарува на јавноста преку своите визуелни пораки. За неговите мисли и ставови говорат неговите зборови, а уште повеќе неговите уметнички и дизајнерски дела што ги креира како драгоцен придонес кон Иницијативата „Обединети во различноста“ која ја води ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како ја оценувате состојбата на меѓуетничките односи во Република Северна Македонија? Кои фактори влијаат позитивно, а кои негативно на меѓуетничките односи? Дали во нашата земја се негуваат стереотипите и предрасудите на етничка основа и кој е одговорен за нив? Како да ги надминеме?

КАРДУЛА: Според мене како граѓанин на Република Северна Македонија, искрено, меѓуетничките односи најчесто се на „вештачко дишење“ или одржување над дозволениот минимум. Во текот на годините сме биле сведоци на ескалации кои имале трагични последици. Во моментов мислам дека малку сме ја надраснале таа состојба, секако и со интервенции од надвор, но и како земја аспирант за влез во ЕУ.

Но сведоци сме на изразен говор на омраза кон одредена етничка заедница и тоа не смее да остане неказнето. Мора да покажеме зрелост и сите заедно да осудиме секаков вид на говор на омраза. Тука нема компромис.

Идеолошката преференција на политичките партии кои го имаат мнозинството, се главен фактор во релаксирање или затегнување на меѓуетничките односи. Секогаш кога на власт се десно ориентирани и националистички партии, има подгревање на тензиите. Владеење на правото и економската стабилност се фактор плус секогаш. Во нашата земја постојат стереотипи и предрасуди врз основа на било која различност, вклучувајќи ја и етничката. Одговорноста е на политичарите, но и на секој од нас како поединец. Како да се надминат? Јас би рекол, никогаш не гласајте националистички партии, како прво. Второ, учете ги децата да ги прифаќаат различните од себе. Почит и взаемна доверба е неопходна во градење на добри меѓучовечки односи.

ЦИВИЛ МЕДИА: Како Вие лично можете да придонесете кон надминувањето на национализмот и етничката омраза во нашето општество? Што ќе им препорачате на различните засегнати страни во општеството и креаторите на политики и практики во оваа сфера, како што се медиумите, граѓанското општество, институциите, политичките партии, академијата, како и други чинители?

КАРДУЛА: Јас по националност сум Влав. Ние како етникум сме познати по тоа дека, покрај фактот дека немаме своја етничка држава, таму каде што живееме, сме лојални граѓани и чинители на стабилност. Никогаш не сум можел да го разберам национализмот и нетрпеливоста кон другиот само затоа што припаѓа на друг етникум.

Имаме еден живот и да го потрошиме на таква баналност е недозволиво.

Сите заедно треба да придонесуваме во градење на татковината, да вложуваме во нејзиниот просперитет и да оставиме подобар свет за нашите поколенија. Промените треба да започнат од дома, па преку образовниот процес да се надградуваат. Секојдневно да се работи на отворање на умот и на прифаќање на различностите.

Сите чинители кои имаат можност да имаат некакво влијание во креирањето на јавното мислење треба да се однесуваат коректно. Не е дозволиво секојдневно во етерот да се остава простор за говор на омраза без тоа да биде санкционирано.

Се викаат гости во емисии кои имаат проблематично минато, екстремни ставови и од нив се бара совет како да се најде решение за некаков проблем!!! Недозволиво! Јавни личности, политичари објавуваат ставови по социјалните мрежи каде се користат непримерни зборови, се омаловажува и навредува другиот, се поттикнува насилство итн. и за тоа не сносат никаква одговорност, туку од нивните поддржувачи се дополнително поттикнати да продолжат да го прават истото. И така, кругот се шири и никој не сфаќа дека и со еден лајк го продолжил ширењето на омразата…

ЦИВИЛ МЕДИА: Kолку и на кој начин национализмот и етничката омраза се штетни за општеството и за нашите ЕУ инспирации? На кој начин тие појави се спротивни на европските вредности?

КАРДУЛА: Национализмот и етничката омраза се семе на раздор секогаш и секаде. Ако не сме сплотени како ќе изградиме општество кое ќе биде достоинствено да биде дел од европското семејство?

Секако дека Европа не e имуна на овие појави тоа е повеќе од јасно но нашата аспирација е членство во ЕУ и немаме друга опција. Ние сé уште имаме фактори кои свесно работат против нашата аспирација и остварување на нашето членство и тоа под превезот на некои повисоки патриотски цели кои всушност не се ништо друго туку слепо бранење на криминал и криминалци.

Опструкции има и од македонски и од албански партии и политичари. Не спомнав други етникуми, бидејќи кај нас, кога зборуваме за меѓуетнички односи најчести мислиме на нив. Европа не може да нé прифати ако на дневна база покажуваме дека сме нетрпеливи кон секој што е различен по било кој основ.

Не знам колку можам да бидам оптимист кога секојдневно слушам говор на омраза, но знам дека моите деца ги воспитувам во еден поинаков дух и посакувам подобра иднина за нашите поколенија.

Биљана Јордановска, Диана Тахири
илустрации: Зоран Кардула

 


Оваа содржина е дел од Иницијативата „Обединети во различноста“ посветена на промовирање на различностите како предност, богатство и квалитет на нашето општество. Иницијативата ја води ЦИВИЛ, со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.


Наодите, мислењата и другите онлајн содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ, не секогаш ги одразуваат оние на донаторите на ЦИВИЛ. Ставовите изнесени во изјавите, интервјуата, анализите и колумните, се одговорност исклучиво на Автор(к)ите.

Print Friendly, PDF & Email
Share39Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ