• Latest

Признанието на Тодоров, бугарскиот пораз и лошиот ракопис од врвот на лудилото

November 10, 2020

Албанскиот блок 2025: Заштита на правата на Албанците – мобилизација околу симболични и институционални прашања

August 24, 2025

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Признанието на Тодоров, бугарскиот пораз и лошиот ракопис од врвот на лудилото

Записи од политичката жабокречина (9 ноември 2020)

November 10, 2020 09:50
in БЛИЦ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

скенира: ЏАБИР ДЕРАЛА

ГОЛЕМИНА И МУДРОСТ Физичката големина и величината се две различни работи, а како што се покажа со последните постапки на Бугарија, знаат да бидат и дијаметрално спротивни. Апсурдното однесување на Софија ѝ пружи одлична шанса на македонската политика уште еднаш да манифестира големина и мудрост.

ЕВРОПА, ЗДАЈ! Бугарските политичари „добија шанса“ и докрај ја искористија – да ја направат Бугарија и помала отколку навистина е. А на тацна им беше сервирана можност да покажат големина… Каков колосален неуспех на бугарската политика! Држава со ваков сосед нема потреба да се грижи за својата европска иднина, таа веќе ѝ припаѓа на Европа. Само треба да остане голема и мудра, со погледот кон иднината, а не кон мемливите подруми на минатото.

НОН-ПЕЈПЕР Австрискиот новинар Вершиц го објави нон-пејперот со кој бугарската страна се согласила на средбите во Берлин, под покровителство на канцеларката Меркел. Таму, во суштина, има три поенти: Во преговарачка рамка да стои чисто македонски јазик, без фусноти, објаснувања и астерикси, нема пречки на ЕУ да им кажеме дека краткото и долгото име се истозначни, и дека литературниот МК јазик е кодификуван во 1945 година, нема разговори и компромиси поврзани со идентитетот и јазикот. Тие прашања се затворени по Преспа, и бетонирани во УН. Точка.

ПИШМАН АЏИИ Можеби и има проблеми во поимањето на историјата и историските личности, како кај многу народи по светов, така и кај балканските… Историјата секогаш треба да се открива и преиспитува. Но секој што сака да ја преиспитува историјата, треба да биде спремен и на тоа дека некоја униформа или шлем може да искокнат од скришните долапи со дупло дно и двојни аршини…

МУВА НА ШЛЕМОТ Вакво ишкање на мувата од бойната каска, вакво панично, ситно и дневнополитичко бегање од договорите и напуштање на основните принципи на пристојноста, може да се очекува само од балкански политичари, па нека се и нашите благонадежни блгарски браќа и сестри. За кои, искрено се надевам, дека ќе сфатат во каков ќорсокак ја водат Бугарија.

ЗАЕВ Е ВNНОВЕН! ПАК! Се разбира, со украдени слогани што се однесуваат токму на нив, со варијации на тема Заев, тие уште еднаш, со ногопис, го препишале најексплоатираниот дел од партискиот катихизис: ЗАЕВ Е ВNНОВЕН! Пак? И што сега? Во име на тој (лажен) баланс што го наметнуваат клиентите на режимот, треба и ова да го наречеме слобода на говор и фер политички натпревар? Или смееме да кажеме дека е тапоглава и црна пропаганда на сејачите на омраза и поделби, бранителите на тешки криминалци и убијци, дистрибутери на коронавирусот (да, токму тие се!) и на лажните вести и дезинформации? Нека каже новинарскиот клиентелистички Олимп (од измет) што сака, фактите се тие.

ТЕШКО И ЗНАЧАЈНО ПРИЗНАНИЕ Во интервју за Борјан Јовановски, во ТВ 21, вмровскиот некогашен липицанер Никола Тодоров, попознат по прекарот Министер за смрт, ја соголи сопствената партија до гола кожа. Кажа неколку детали, воден од искусната новинарска рака на Борјан, како функционира индустријата на лаги и отрови во белата палата. Не дека не ги знаевме и не дека тој не можеше да скрие дека бил дел од таа индустрија, но ова тешко и значајно признание треба да остане забележано во јавноста. Којзнае, можеби еден убав сончев ден тоа ќе го забележат и истражните и судските инстанции.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share66Tweet41Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ