• Latest

Филипче вели засега нема потреба од дополнителни рестрикции

November 12, 2020
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Филипче вели засега нема потреба од дополнителни рестрикции

November 12, 2020 15:15
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во тек се консултации за да се утврди дали медицинските сестри од четврта година во средното медицинско училиште дел од стажирањето да го поминат во ковид центрит.

Одговарајќи на новинарско прашања дали поради тоа што 300 здравствени работници се заразени со коронавирусот во третманот на пациентите ќе се вклучат и медицински лица од Армијата Филипче рече дека засега нема потреба од тоа затоа што има доволен број лекари кои работат според системот на ротација.

Филипче рече дека  веќе разговарал со директорката на средното медицинско учииште и оти во наредните денови ќе се знае дали ќе може да се смета на помошта од новите медицински сестри.

„Во текот на вчерашниот ден имав средба со  директорката на  Средното медицинско училиште  за да видиме дали може дел од стажот на медицинските сестри од последната, четвртата годиа,  да се помине во ковид центрите. Има некои административни работи кои денеска и во текот на вчерашниот ден ги разгледуваме и  мислам дека во следните денови ќе знаеме дали можеме да сметаме на оваа бројка  медицински сестри кои веќе имаат искуство со практичен дел од претходните години“, изјави Филипче.

Филипче додаде дека ќе се одржи состанок на Комисијата за заразни болести на кој ќе се разговара за можните дополнителни рестриктивни мерки.

Филипче смета дека засега нема потреба од дополнителни рестрикции како полициски час. Во следните недели очекува резултати да дадат рестриктивните мерки кои сега се на сила, иако, како што денеска изјави, подготвени се да предложат дополнителни рестрикции доколку има потреба од тоа.

Евентуално би можело да се предложи целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.

„После утринската координација што ја имавме, се уште сметаме дека ова не треба да се препорачува, но ја следиме епидемиолошката ситуација и ќе носиме одлуки доколку треба да се донесат вакви препораки или мерки“, нагласи Филипче.

Не стравува дека со воведувањето на полициски час во соседните држави, би можело во земјава да се појават импортирани случаи однадвор.

„Тоа што имаат некои соседни земји карантин, значи целосна ограничување на движењето. Впрочем и сега границите се отворени. Тоа беше заеднички договороено согласно претходната анализа на стручната група во рамки на заедничката работна група која заклучи дека нема ризик од импортирани случаи заради тоа што во секоја од земјите во регионот главен ризик е локалната трансмисија“, рече Филипче.

Во однос на доцното објавување на извештаите за новозаразени, Филипче рече тоа е така поради огромна бројка на резултати што пристигнува за извршени тестирања и проверките што се прават со цел да се дадат точни податоци

Има многу мал број случаи на Ковид – 19 во градинките, а тоа се обично случаи што го носат вирусот од надвор, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Поликлиниката Букурешт присуствуваше на предавање на воено санитетски возила од Армијата на времено користење на јавното здравство со цел да се помогне во справувањето со пандемијата и грижата за населението.

Според него, и светските исксуства се такви, односно многу е мал бројот на деца кои заболуваат и затоа, потсети, беше и препораката градинките да се отворат.

„И тогаш и сега анализите покажуваат дека многу мал број деца се практично заболени. Мислам дека беше одлична препорачаната стратегија да се отворат градинките и делумно училиштата“, изјави министерот Филипче.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ