Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во тек се консултации за да се утврди дали медицинските сестри од четврта година во средното медицинско училиште дел од стажирањето да го поминат во ковид центрит.
Одговарајќи на новинарско прашања дали поради тоа што 300 здравствени работници се заразени со коронавирусот во третманот на пациентите ќе се вклучат и медицински лица од Армијата Филипче рече дека засега нема потреба од тоа затоа што има доволен број лекари кои работат според системот на ротација.
Филипче рече дека веќе разговарал со директорката на средното медицинско учииште и оти во наредните денови ќе се знае дали ќе може да се смета на помошта од новите медицински сестри.
„Во текот на вчерашниот ден имав средба со директорката на Средното медицинско училиште за да видиме дали може дел од стажот на медицинските сестри од последната, четвртата годиа, да се помине во ковид центрите. Има некои административни работи кои денеска и во текот на вчерашниот ден ги разгледуваме и мислам дека во следните денови ќе знаеме дали можеме да сметаме на оваа бројка медицински сестри кои веќе имаат искуство со практичен дел од претходните години“, изјави Филипче.
Филипче додаде дека ќе се одржи состанок на Комисијата за заразни болести на кој ќе се разговара за можните дополнителни рестриктивни мерки.
Филипче смета дека засега нема потреба од дополнителни рестрикции како полициски час. Во следните недели очекува резултати да дадат рестриктивните мерки кои сега се на сила, иако, како што денеска изјави, подготвени се да предложат дополнителни рестрикции доколку има потреба од тоа.
Евентуално би можело да се предложи целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.
„После утринската координација што ја имавме, се уште сметаме дека ова не треба да се препорачува, но ја следиме епидемиолошката ситуација и ќе носиме одлуки доколку треба да се донесат вакви препораки или мерки“, нагласи Филипче.
Не стравува дека со воведувањето на полициски час во соседните држави, би можело во земјава да се појават импортирани случаи однадвор.
„Тоа што имаат некои соседни земји карантин, значи целосна ограничување на движењето. Впрочем и сега границите се отворени. Тоа беше заеднички договороено согласно претходната анализа на стручната група во рамки на заедничката работна група која заклучи дека нема ризик од импортирани случаи заради тоа што во секоја од земјите во регионот главен ризик е локалната трансмисија“, рече Филипче.
Во однос на доцното објавување на извештаите за новозаразени, Филипче рече тоа е така поради огромна бројка на резултати што пристигнува за извршени тестирања и проверките што се прават со цел да се дадат точни податоци
Има многу мал број случаи на Ковид – 19 во градинките, а тоа се обично случаи што го носат вирусот од надвор, информира министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска во Поликлиниката Букурешт присуствуваше на предавање на воено санитетски возила од Армијата на времено користење на јавното здравство со цел да се помогне во справувањето со пандемијата и грижата за населението.
Според него, и светските исксуства се такви, односно многу е мал бројот на деца кои заболуваат и затоа, потсети, беше и препораката градинките да се отворат.
„И тогаш и сега анализите покажуваат дека многу мал број деца се практично заболени. Мислам дека беше одлична препорачаната стратегија да се отворат градинките и делумно училиштата“, изјави министерот Филипче.