• Latest

Заев: Заштитата од дискриминација е насоката во која продолжуваат нашите политики

December 10, 2020
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Заев: Заштитата од дискриминација е насоката во која продолжуваат нашите политики

Македонскиот премиер Зоран Заев, добитник на меѓународна награда за човекови права, даде интервју за медиумската платформа на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на човековите права.

December 10, 2020 10:19
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев во интервју по покана од ЦИВИЛ, по повод Меѓународниот ден на човековите права упати апел до сите граѓани да не замижуваат пред било кои форми на дискриминација и да ги алармираат институциите. За човековото право на самоопределување, Заев вели: „Како што јас денес знам дека никој не може да го оспори моето право на самоопределување, исто така ниту јас, ниту било кој не смее да порекне или промени како се чувствувале и самоопределувале нашите дедовци и прадедовци“.

Добитник на повеќе меѓународни награди и признанија, од кои најновата е Наградата за човекови права што ја доби во Берлин, премиерот Зоран Заев е повеќе од добар избор за соговорник по повод Меѓународниот ден на човековите права (10 декември). Заев не е само политичар. Тој, рамо до рамо со активистите за човекови права, учествуваше на мирните протести против автократијата, корупцијата, изборните кражби и структурното насилство кое го спроведуваше режимот на Никола Груевски до април 2017 година. И меѓународната и домашната јавност го препознава како поборник за мирно разрешување на конфликтите, добрососедство и прогресивни политики и практики, како голем поборник за човековите права и за инклузивно, мултикултурно општество.

ЦИВИЛ МЕДИА: Вие сте добитник на повеќе меѓународни награди, вклучително и на наградата за човекови права во Берлин во октомври годинава. Во тој контекст, што Вие, како премиер, планирате да правите во сферата на почитувањето на човековите права и спроведувањето на Стратегијата „Едно општество за сите“, која е една од најважните заложби и проекти на Владата?

ЗОРАН ЗАЕВ: Наградите секогаш сум ги сфаќал, пред сè, како признание за политиките што ги спроведуваме и секогаш споделувам дека тие награди се и награди за нашиот народ. Во таа смисла, наградата за човекови права што ми беше врачена во Берлин претставува потврда за добрите политики што јас како премиер, како и владиниот тим, но и сите инволвирани поединци и здруженија ги спроведувавме токму преку стратегијата „Едно општество за сите“.

Пред три години затекнавме општество окупирано со поделби и конфликти меѓу луѓето – по етничка, верска, културна, социјална, буквално по сите основи.  Успеавме да направиме пресврт и спроведовме политика свртена кон иднината, а не кон минатото. Наместо поделби на „наши“ и „ваши“ преку стимулирање и нетрпеливост кон поинаквите, создадовме амбиент во кој различностите носат квалитет, ја дополнуваат и ја збогатуваат сликата, која се вика Северна Македонија. Во таа смисла, шините за македонската европеизација се поставени и тоа Европа го препознава.

Ми претставува особено задоволство што Собранието во крајот на октомври повторно успеа да го изгласа Законот за спречување и заштита од дискриминација, со кој се обезбедува сигурност и заштита на правата на граѓаните. Ова е добро законско решение кое ги адресира сите основи на дискриминација и овозможува поефективно институционално дејствување. Воедно претставува усогласување со европското законодавство и усогласување со член 9 од Уставот според кој сите граѓани се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Обезбедувањето на принцип на еднаквост и спречувањето и заштитата од дискриминација е насоката во која продолжуваат нашите политики.

ЦИВИЛ МЕДИА: Во контекст на Меѓународниот ден на човековите права, како и на меѓународното право воопшто, можете ли да ја оцените состојбата со правото на самоопределување на секој човек, група, заедница, па и народ? Колку тоа право се почитува, а колку се крши?

ЗОРАН ЗАЕВ: Иако и досега креиравме амбиент во кој се почитува правото на самоопределување и на почитување на разликите со Законот за спречување и заштита од дискриминација се зајакнуваат механизмите за заштита од дискриминација. Ова е особено важно за разните општествени малцински или маргинализирани групи, како припадниците на ЛГБТ популацијата, кои неретко беа цел на насилство од страна на екстремни групи и поединци.

Воедно преку системски мерки ќе продолжиме кон искоренување на предрасудите кои се пројавуваат кон одредени малцински групи, тука пред сè ја имам предвид ромската заедница.

Овие денови особено треба да се има предвид и актуелноста на повеќе меѓународни документи и конвенции кои го определуваат правото на самоопределување на народите како основно човеково право на секој граѓанин припадник на тие народи.

Во Декларација за начелата на меѓународното право и за пријателските односи и соработка на државите на Обединетите нации 1970, која е во склад со Повелбата на ОН „создавањето слободни и независни држави, слободното здружување и интегрирање со некои независни држави, или воспоставување било каков друг политички поредок, кој што еден народ слободно би го избрал, претставува за тој народ начин за остварување на неговото право на самоопределување“.

Оваа Декларација, вклучително и Повелбата на ОН, е во хармонија и со Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права и  Рамковната конвенција за заштита на национални малцинства на Советот на Европа, кои утврдуваат дека сите народи имаат право на самоопределување; врз основа на тоа право, тие слободно одлучуваат за својот политички статус и во полна мерка се развиваат економски, општествено и културно.

Оттука, како што јас денес знам дека никој не може да го оспори моето право на самоопределување, исто така ниту јас, ниту било кој не смее да порекне или промени како се чувствувале и самоопределувале нашите дедовци и прадедовци.

ЦИВИЛ МЕДИА: Која е Вашата порака до граѓанките и граѓаните на Република Северна Македонија и светот, по повод Меѓународниот ден на човековите права?

ЗОРАН ЗАЕВ: По повод Меѓународниот ден на човековите права сакам да упатам апел до сите граѓани да не замижуваат пред било кои форми на дискриминација и да ги алармираат институциите.

Не постојат изговори, вклучително и пандемијата со КОВИД-19, за оправдување на дискриминација и толеранција на кршењето на човековите права.

Овде сакам да го адресирам и зголемениот број на случаи на семејно насилство во овој период на пандемија.

Гласноста на жртвите и соодветни санкции за насилниците мора да бидат загарантирани и обезбедени.

Институциите се тука да пружат заштита од насилниците и закрила на жртвите, но воедно и да работат на превенција. Меѓутоа, од непроценлива важност е раната детекција на сите форми на насилството, за што граѓаните и цивилниот сектор некогаш имаат клучна улога.

Затоа ги повикувам сите да се вклучат активно во изградбата на подобра и поправедна околина за сите нас. Во нашата заедница „Едно општество за сите“ да продолжиме со европеизацијата на Северна Македонија како општество на еднакви граѓани и во трасирањето на македонскиот пат кон Европа.

 


ЦИВИЛ целосно ги отстапува правата за преземање на ова интервју со молба да се цитира изворот.

Tags: антидискриминацијаеднаквостЗоран ЗаевМеѓународен ден на човековите правасамоопределувањечовекови права
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ