• Latest
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Или со метлата или на неа – или тој нив или тие него

January 4, 2021
фото: Џабир Дерала, ЦИВИЛ

Герасимовски: „Комунална хигиена“ нема капацитет, спремаме кривични пријави за нечистењето на сметот

June 4, 2025

„Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

June 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на NEWS 18

Затворени центрите за помош во Газа откако Израел предупреди дека патиштата до локациите се „борбени зони“

June 4, 2025
Дарен Бити зборува со присутните на Студентскиот самит за акција во 2020 година, организиран од Turning Point USA во Конгресниот центар на округот Палм Бич во Вест Палм Бич, Флорида. Фото: Wikimedia commons / Gage Skidmore

Функционерот на Трамп кој ја затвори агенцијата за борба против дезинформации има тесни врски со Кремљ

June 4, 2025

Почина младо момче од кумановско Доброшане откако со мотор удрил во бетонски столб

June 4, 2025
Граничен премин Рафа, Египет: Камиони со хуманитарна помош за Газа

Уницеф: Газа треба да прима до 600 камиони со помош дневно – наместо да се примаат 600 кутии

June 4, 2025

МВР: Две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk

June 4, 2025

Годишниот извештај на КСЗД за ланската година на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот

June 4, 2025

Ројтерс: Балтичките вежби на НАТО се дел од подготовките за потенцијален судир со Русија

June 4, 2025
МАСОВЕН УБИЕЦ Генералот Ратко Младиќ низа децении ја градеше војничката кариера во Скопје и тој е секако клучниот актер на геноцидот

Адвокатите на Ратко Младиќ бараат судот во Хаг итно да го ослободи бидејќи се ближи кон крајот на животот

June 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Или со метлата или на неа – или тој нив или тие него

„Акција 21 - за европски стандарди дома“, овој засега само најавен регистар на итни реформски владини задолженија, а и како компензација за бугарската ЕУ блокада и посебно како показ дека кога се мора ќе се можеме и сами, е нова обврска за него и нова надеж за државата... Ако го практикува примерот од претходниот мандат, ако наместо тие нему, лојален и натаму ќе им биде тој ним, тогаш од успехот ништо.

January 4, 2021 13:04
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Зоран Иванов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ

Актуелниот премиер Зоран Заев е херојот на ова децениско постгруевистичко политичко време. Актуелното СДСМ и Зоран Заев со „бомбите“ го кутнаа режимот. Со Преспанскиот пак, премиерот покажа вонредна храброст. Ги поднесе сите навреди, обвинувања, закани. Манифестираше ретка државничка мудрост, реши нерешлив проблем со соседна Грција. Со сите усилби и со нагласен добронамерен, честопати атипичен дипломатски пристап, пак под разни политички, па и граѓански притисоци, во уникатно сопствениот стил продолжува со форсирање релаксирачки политички приод во напорите да ги одоброволи своите тврдокорни соговорници.

Да ги оттргне од нивните историски ригидни светогледи. Да ги пренасочи кон иднината и кон перспективни решенија за земјата и регионот. Со својот вокабулар наметнува нагласено релативизирање на некои историски факти и форсира отрезнување од некои историски заблуди. Од таквите позиции, со сите усилби и пак по цена на сопствениот рејтинг и од опасноста повторно да не биде разбран дома, сега настојува да ги надмине и актуелните бугарски евроблокади.

Хронолошки, Преспанскиот мина и станува заборавена конфликтна тема. Но, премиеровата упорност и посветеност во решавањето на деценискиот горлив проблем со соседна Грција, горлив како за земјава така и за регионот, па и за глобалните стратегиски интереси, му донесе и голема меѓународна слава, a сега, со неразбирливата бугарска дипломатија, и нови предизвици. Цената, политичката цена што тој ја плаќаше дома и која ја плати и на последните парламентарни избори, еве ја плаќа и сега поради бугарските идентитетски атаци, за него како политичар од кариера, е исто така висока.

Сепак, и покрај сé, покрај бројните брановити подметнувања на партиските опоненти, и покрај реалните граѓански негодувања поради неговиот попустлив вокабулар со преговарачките партнери, и покрај неговата нагласена добронамерност несвојствена за лидер со балкански манири, на патот на изнаоѓање практични и одржливи решенија за македонската биднина, тој и натаму е политичар со вонредна доверба. На рејтинг листата, по последните истражувања на јавното мислење и тоа спроведени напоредно со извесната бугарска блокада за почеток на интеграциските дијалози со ЕУ, тој е прв. Зад него има многу празни места, а рангот на првиот опозициски конкурент е дури цели 11% во минус зад него.

Во исто време, напоредно со одржливиот политички рејтинг обезбеден, пред сé, поради неговите меѓународни усилби, тоа исто тивко граѓанско мнозинство повеќе не е во состојба да простува за домашните правно егзистенцијални стагнирања. Тоа исто тивко мнозинство со чија помош Заев го струполи режимот и со кое во два последователни наврати доаѓа на истурената челна владина позиција, сѐ погласно и побучно негодува за зачестените афери, за режимскиот континуитет на тендерски местенки, за фондовски манипулации, за директорски луксузирања, за непотизми и партиските вработувања и за заткулисни вонинституционални коалициски калкулации.

Фактите од теренот и сé пошумните мрмкања на граѓаните се неумоливи. Клиентелистичките манири кои стануваат сѐ повидливи, а коруптивните појави сѐ понагласени, го нивелираат народното расположение. Пандемиската криза нетрпеливоста ја прави уште позатегната и подносливостите од неправдите се сé повидливи. Таквиот не баш посакуван општествен амбиент, му ги нагризува дигнитетот и довербата.

Последните предвремени избори, иако на барање на опозицијата, иако одлагани поради короната и медицинските заштитни мерки, му беа потребни и нему и на партијата. Му беа потребни за да подзамете, приоритетно да расчисти со тие на кои им даде шанса, а кои му ја одземаат довербата. Оние за кои ја избори битката и со режимот и со уставот и кои, додека тој војуваше за државата, во заветрината на таа негова борба, ги злоупотребуваа привилегиите на државните позиции на сите нивоа, па, генерално, и по изборите и  по некои кадровски смени, трендот не е променет. Глодарчињата на народните пари катадневно му ја одземаат политичката сила. Поради тие причини, токму во времето на вознесот од историскиот дипломатски успех од времето на првите години на неговиот мандат, највлијателниот македонски политичар, полека, но сигурно домашниот политички терен го препушта на неизвесноста на времето.

Колатералната штета предизвикана со доурнисувањето на правниот систем во фазите на компромисите за Преспанскиот и не отпочнатите реформи во сите области, ја доурнисаа и довербата дека државата барем во пристоен степен може да се спастри да наликува на европска. Впрочем, во политичка смисла, луѓето сме како публиката на трибините крај спортските терени – брзо се забораваат погодоците, аплаузите стивнуваат и веќе на првото промашување, ечат свирежите.

Сега, „Акција 21 – за европски стандарди дома“, овој засега само најавен регистар на итни реформски владини задолженија, а и како компензација за бугарската ЕУ блокада и посебно како показ дека кога се мора ќе се можеме и  сами, е нова обврска за него и нова надеж за државата. Но, ако главно како и досега, така лабаво на сите нивоа се однесува и овој владин состав, ако низ сите владини ешалони и натаму се провлекуваат клиентелистички  глодарчиња по разните државни извршни позоции, ако тоа, како и секогаш и како по некое правило, го гледаат сите, го гледа целата јавност освен надлежните во власта, тогаш и од „Акција 21“ ќе биде пак ништо. Или само нешто сосема малку  и  сосма незадоволително за ЕУ стандардите и за големите очекувања на граѓаните и посебно на гласачите пред неизбежните локални избори кон крајот на „ветената“ 2021-ва година.

Во минатиот состав, привилегиите достапни од позициите на власт го подзаспаа бројниот владин, нели и тогаш, реформски тим. Одговорните по институциите не покажа агилност, не дадоа очекувани резултати. И по хоризонтала и особено мноштвото подлабоко по вертикала, не манифестираа капацитет за промени. Конформизмот, клиентелизмот, буџетските привилегии корумпираат безмилосно. Како што и самиот премиер вети, сега е време да заиграат камшикот од надвор и метлата за внатре. Тие што избираат власт и што уриваат власт, се во очекувања за малку подобар живот.

На премиерот сéуште силно му веруваат мнозинството граѓани. Затоа, со сите ризици, ама и со нови можности, Зоран Заев на самиот старт на новата година ќе треба бргу да ја реши: пак извесни избори, сега со локалните при крајот на 2021-ва и можни предвремени парламентарни избори или, пак, неизвесни реформи дури и во неговата најава „Акција 2021“.

Славата милува, ама корупцијата урива. Досега Зоран Заев ги добиваше битките во војна. Новата 2021-ва ќе е време во кое тој ќе мора битките да ги добива и во мир. А за такви победи, за најавените крупни победи, му се потребни чесни и посветени борци. Но, ако го практикува примерот од претходниот мандат, ако наместо тие нему, лојален и натаму ќе им биде тој ним, тогаш од успехот ништо.

Метлата, кадровската метла со која само заплашуваше, но не и заметуваше, пак му останува главната дисциплинска алатка за поуспешно спастрување на институциите кои беа и кои и натаму се најслабата алатка и најсилниот кочничар за нужните длабоки европски реформски резови најавени во и во „Акција 21“.

Па, до „Акција 2021 – за европски стандарди дома“, или со метлата или на неа. Или тој нив или тие него.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Акција 2021европски стандариЗоран Заевперспективирејтингреформи
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ