• Latest

Аматерски изведен пропаганден напад со дезинформации и клевети врз семејството на министерот Маричиќ

January 31, 2021
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Аматерски изведен пропаганден напад со дезинформации и клевети врз семејството на министерот Маричиќ

January 31, 2021 21:55
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Без оглед на тоа што се работи за провидна манипулација и дезинформации уште на прв поглед, пропагандната мрежа позната по ноторно ширење дезинформации и говор на омразата, објави и дистрибуираше пропаганден атак врз семејството на министерот за правда, Бојан Маричиќ (31 јануари 2021).

Нападот започнува со твит на Саша Узунов (@UZI9mmmm) во низа од синхронизирани коментари на оваа социјална мрежа.

„Таткото на министерот за правда Бојан Маричиќ, поранешен јавен обвинител, Момир, е фасциниран од нацистичките германски спомени – посета на германски музеј и фотографија на која позира со златна биста на Хитлер. Двајцата одбија да ги осудат албанските нацистички статуи од Првата светска војна“ – напиша неуспешниот австралиски новинар со македонско потекло, Саша Узунов.

Содржината на твитот и медиумските содржини што координирано се пласираа во медиумскиот простор веднаш потоа, се класичен пример за манипулации со фактите и креирање дезинформации кои имаат цел да дискредитираат и да предизвикаат недоверба и говор на омразата кон поединци, групи, заедници или институции. Во случајов, се работи за дезинформации насочени против министерот за правда и неговото семејство.

„Плодна“ продукција на дезинформации

Оваа дезинформација, со брзина на светлината е објавена и на порталите „Република“ со наслов „Таткото на Бојан Маричиќ сликан гордо со статуа на Хитлер и книгата Мојата борба“, „Нетпрес“ со наслов „(ФОТО) Узунов објави фотографии од таткото на министерот Маричиќ гордо сликан со статуа на Хитлер“ и „Алфа.мк“ со наслов „Таткото на министерот Бојан Маричиќ гордо позира до статуата на Хитлер (ФОТО)“, каде што како извор на информацијата е пренесена Твитер објавата на Саша Узунов.

Сепак, се работи за аматерски изведен напад, што се гледа и од начинот на пласирање на самите фотографии во твитот, инаку симнати од Фејсбук профилот на Момир Маричиќ, таткото на министерот Бојан Маричиќ. До фотографиите од посета на Документацискиот центар во Нирнберг, се гледа и коментарот на Момир Маричиќ: „Култот уште живее, ама само во вакви музеи кои служат како опомена“. И без тоа, манипулацијата е очигледна, но брзоплетоста и аматеризмот на овие медиуми најчесто се „покриваат“ со бомбастични и манипулативни наслови и текстови во навредлив и клеветнички стил.

Нападот, разбирливо, предизвика згрозување кај министерот Маричиќ кој, меѓу другото, денеска изјави:

„Јас и целата моја фамилија, единствено сме горди на нашите дедовци кои си ги жртвувале животите на фронтовите токму во борбата против фашистите, а таткото на мојот татко, мојот дедо, носеше целиот свој живот лузна добиена при неговиот престој во нацистички логор“.

Приказна за себе е и самиот извор на оваа најнова дезинформација од пропагандните инсталации на режимот на Груевски. Се работи за неуспешен новинар со македонско потекло кој живее во Австралија. За себе вели дека е „медиумска армија од еден човек“.

Аматерската веб страница на Узунов е Alternate Comms на која објавува дезинформации, говор на омразата и црна пропаганда. Како што може да се прочита од самата веб страница, од донации собрал одвај нешто повеќе од 4.700 австралиски долари. Колкави средства прибира за своето дејствување од други извори и на други начини, барем за сега, останува непознато.

Важно е да се запомни која е крајната цел на дезинформациските кампањи што ги спроведува опозицијата преку своите пропагандни гласила (контролирани медиуми), а тоа е бегство од сопствената одговорност и обид да се вратат криминалните структури на власт, без оглед на тоа колку се валкани средствата со кои се служат.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ