• Latest
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Преглед на настани: Вонреден конгрес за смена на Мицкоски, барања за оставка на Милошоски, Заев категоричен за „космонаутската“ идеја за предвремени избори

February 10, 2021
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Вонреден конгрес за смена на Мицкоски, барања за оставка на Милошоски, Заев категоричен за „космонаутската“ идеја за предвремени избори

February 10, 2021 17:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Иницијативниот одбор закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за смена на Мицкоски

Иницијативниот одбор (ИО) закажа вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 28 март во Скопје со главни точки – Отчет за сработеното од страна на актуелниот претседател Христијан Мицкоски и гласање на доверба, соопшти денеска ИО за закажување вонреден партиски конгрес.

„Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес по неколку месеци интензивна работа, успеа да обезбеди поддршка и потписи од големо мнозинство на делегати кои учествуваа при изборот на сè уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски. Делегатите кои пристапија се едногласни дека Мицкоски ги изневерил очекувањата и дека не исполнил ниту едно од дадените ветувања за враќање на партијата на победничките патеки, за зголемување на капацитетите за коалицирање и за обезбедување меѓународна поддршка“, се наведува во соопштението на Одборот.

Членовите на Иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес, во кој се дел од поранешните високи функционери и сегашни истакнати членови на партијата, сметаат дека е недозволиво претседателот на којшто му ја дале довербата, да не свика конгрес и да не се обиде да им објасни кои се причините за последователните изборни порази и катастрофалниот рејтинг.

Иницијативата за вонреден конгрес не е ниту статутарна ниту правна, е ставот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кој денеска на прес-конференција го соопшти пратеникот и член на Извршниот комитет (ИК) на партијата, Антонијо Милошоски, во врска со вонредниот конгрес што го закажа Иницијативниот одбор.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината и како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата. Впрочем и да има тие нема ништо да променат само можат да ги закочат развојните проекти“, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, според кого избори треба, мора и ќе се случат во периодот 2024 кога доаѓаат редовните парламентарни избори.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
„Како држава ние немаме 19 години спроведено попис, и ако сме барем малку одговорни, ние во локалната самоуправа немаме право да стравуваме од обврските за пописот, бидејќи тие податоци се основа за креирање политики на локално ниво“, вели Петре Шилегов, градоначалникот на Град Скопје, на панелот на ЦИВИЛ, „Како сѐ може да се (зло)употреби пописот?“.
„Успешен попис за локалната самоуправа значи подобро испланирана инфраструктура, добро испланирани паркови, плоштади, јавни простори, одржлив сообраќај, развиена локална економија, зголемена енергетска ефикасност и здрава животна средина“, вели Шилегов.

Дехран Муратов од ЦИВИЛ на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Како се може да се (зло)употреби пописот“, истакна дека дел од политичките структури во недостаток на програма и понуди ќе го користат пописот за кампања.

„Јас би се осврнал кон проблемот со помалубројните етнички заедници. Ова не го кажувам за да бидам политички коректен, не велам помали заедници, бидејќи сите заедници се еднакви, но моментот е – колку се тие помалубројни? Ние веќе дваесет години немаме попис, ние не знаеме колку жители има во државата…Ние не знаеме колку помалубројните заедници се, условно кажано, едни од најголемите заедници коишто мигрираат, коишто си заминуваат од државата. 

ФЛЕШ ВЕСТИ

Северна Македонија и официјално побара од Република Бугарија екстрадиција на лицето Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски.

Интернет страницата преку која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19, профункционира од денеска. Освен по електронски пат со регистрација на интернет-страницата за вакцинација, пријавувањето за вакцини ќе се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“.

Владејачката партија СДСМ и денеска побара оставка од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, бидејќи бил осудуван за кривични дела во Германија. Милошоски, пак, обвини дека зад сето ова стои СДСМ и тврди дека станува збор за спин и за дезинформација.

Председателот на ДИК, Александар Даштевски ја актуелизираше темата за барање средства од Министерството за финансии за 300 милиони денари за спроведување на изборната постапка отисок на прст. Тој ќе бара средба со претставници на Владата, доколку Министерството за финансии не ги одобри средствата предвидени за гласање со „отисок на прст“.

Министерстката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска изјави дека тие што ќе работат во недела ќе добиваат поголема дневница и слободен ден.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ако претседателот на опозицијата не го прифаќа уставниот поредок во државата, што треба да прават пратениците од неговата партија во Собранието на Република Северна Македонија или партиските претставници и членови во други државни органи и тела кои се помирија со уставната „реалност“?

Што е стратегијата на таквото опозициско делување? Да се руши власта вонинституционално, по улици и на Фејсбук? Па, на овој начин, опозицијата нема да може да прифати ни одење на редовни или вонредни избори, бидејќи нема кој друг да ги распише тие избори, освен институциите на државата кои се задолжени за тоа, а во чиј наслов стои уставното име на државата… Планираат со некаков јуриш („народот“!) да ја освојат власта?“, пишува Сашо Орданоски во колумната „ВМРО-ДПМНЕ задушена во џудо-зафатот на Мицкоски“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ