• Latest

Китанова: Пописната комисија е логистика на операцијата, толкувањата и методологијата се надлежност на ДЗС

March 5, 2021
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
Џабир Дерала, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Џабир Дерала: Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, само ако со тоа се согласи Белград

August 15, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 15, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Руски, српски, разни други светови има, а македонски свет има ли?

August 15, 2026
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

Китанова: Пописната комисија е логистика на операцијата, толкувањата и методологијата се надлежност на ДЗС

March 5, 2021 16:12
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на пописната комисија за  реон 16, за општините Штип и Карбинци на панелот на ЦИВИЛ „Попис: Статистика да, политика не“, се осврна на техничкиот дел од  статистичката операција.

-Улогата на комисијата во пописот, е само да дава логистичка поддршка на Државниот завод за статистика во спроведувањето на пописот, нема стручно методолошка надлежност, туку сите толкувања за примената на законот, методологијата за пописот, се надлежност на Државниот завод за статистика.

-Комисијата учествува во информирањето на пописот и информирање на населението за пописот, презема мерки за навремено опфаќање на пописот, врши распределба на попишувачи и инструктори, обезбедување простории и итн. Податоците кои ќе бидат добиени ќе се користат за креирање на развојни политики, научни и други  истражувања. 129 попишувачи во делот на Штип и Карбинци, 13 лица за реонски инструктори, на јавен конкурс се пријавени 265 попишувачи, а 129 лица ќе бидат избрани списокот ќе биде објавен на 8 и 9 март и ќе бидат објавени и на страната на општината

Ќе се формираат групи од 12 лица кои ќе бидат тестирани со запазување на сите мерки и протоколи, тестирањето ќе биде на 12 и 13 март во големата сала на општина Штип. Доколку нема можност за извршување на сите должности, ќе се прави тоа во некое училиште. Обезбедени се простории за попишувачи, за тестирање, за складирање на материјали и за опремата која ќе ни биде доставена. Тоа е се од техничкиот дел за пописот, рече Китанова.

Во однос на коментарите, односно константните напади  од опозицијата и дел од јавноста врз институцијата, Китанова порача дека таа како секретар на општина Штип, по таа функција е претседателка на пописната комисија за реонот 16, односно за општините Штип  и Карбинци, и според тоа , нема право да ги коментира притисоците од различните страни,  и како комисии, имаат обврска да му дадат логистичка поддршка на пописот, и во согласност со законот, немаат право да даваат какви било толкувања  за самиот закон, и дека сето тоа е во надлежност на Државниот завод за статистика.

-Нашата комисија е составена од професионалци, по струка дипломирани економисти, правници и геодетски инженери, како што бара законот, и ние ќе дадеме се од себе пописот во општините Штип и Карбинци да се спроведе  согласно сите насоки и законот, изјави Китанова.

Д. Тахири/ И.Крџиќ

камера: Атанас Петровски

монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Мелиса Муриќ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ