• Latest

Преглед на настани: ВМРО-ДПМНЕ предлага пратеници само со македонско државјанство, СДСМ прифати и побара оставка од Милошоски, попишувањето може да се врши и надвор од становите, ЦИВИЛ со вебинар за граѓанско новинарство и медиумска писменост

March 12, 2021
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: ВМРО-ДПМНЕ предлага пратеници само со македонско државјанство, СДСМ прифати и побара оставка од Милошоски, попишувањето може да се врши и надвор од становите, ЦИВИЛ со вебинар за граѓанско новинарство и медиумска писменост

March 12, 2021 17:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ предлага пратениците да имаат само македонско државјанство, СДСМ прифати и побара оставка од осудуваниот Милошоски

Координаторот на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Северна Македонија, Никола Мицевски, во името на партијата и пратеничката група, денеска излезе со предизвик. Предложија пратениците да имаат само македонско државјанство.

СДСМ излезе со експресен одговор. „СДСМ поддржува пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав“ – соопштија тие.

Својата реакција, СДСМ ја дополнија и со предлогот пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонио Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата.

 ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Пописот може да се изврши и пред вратите на домовите, па дури и пред влезовите во зградите

Деновиве, во ЦИВИЛ се јавија голем број граѓанки и граѓани со прашања дали ќе може да учествуваат во пописот на тој начин што ќе ги дадат одговорите на попишувачот пред вратата на станот или во дворот на својата куќа. ЦИВИЛ се обрати до Државниот Завод за Статистика (ДЗС) со прашањето дали може да се изврши пописот на тој начин, бидејќи немаат никаква намера да го бојкотираат процесот. Прашањето беше: Дали граѓанките и граѓаните кои не се чувствуваат доволно безбедно, може да одговорат на прашањата на попишувачите пред вратите на своите домови?

„Сите граѓанки и граѓани кои не се чувствуваат комфорно да им дозволат на попишувачите да влезат во нивните домови, истото можат, како што препорача и Комисијата за заразни болести, попишувањето да го извршат пред вратите на своите куќи или станови, а доколку временските услови дозволуваат во моментот, истото може да се спроведе во надворешни услови, односно во дворовите на куќите или пред влезовите на зградите“, одговорија од ДЗС за ЦИВИЛ.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ ќе одржи бесплатни вебинари за граѓанско новинарство и медиумска писменост на 19 и 20 март (петок и сабота) со почеток во 13 часот. Вебинарите ќе траат најдоцна до 17:30 часот.

Можност за учество имаат сите заинтересирани што сакаат да стекнат нови информации и вештини од областа на новинарството и мониторингот.

Заинтересираните треба да пополнат Апликација за учество која одзема максимум 1 минута.

АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО

FACEBOOK EVENT

ФЛЕШ ВЕСТИ

Правда- Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Тортура“, при апсењето на лидерот на ОМ, Љубе Бошковски.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за организаторите на случувањата во Собранието на 27 април 2017 година, но по изведените материјални докази предложени од одбраната на Миле Јанакиески, судењето продолжува на 16 март.

Судијката Беса Адеми денеска пред Судскиот совет даде свечена заклетва како претседателка на Врховниот суд на Република Северна Македонија.

Попис- ДЗС соопштија дека сите мерки предвидени со Протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во Пописот, а до денеска преку апликацијата за самопопишување досега се евидентирани  49 837 лица.

Политика- Лидерот на ДУИ Али Ахмети тврди дека нема раздор во партијата и дека парламентарното мнозинство е стабилно и покрај тоа што пред два дена досегашниот координатор на пратеничката група Изет Меџити се повлече од таа должност, а на негово место дојде Арбер Адеми.

Претседателот Стево Пендаровски  денеска свика седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија каде единствена точка на дневен ред е Информација за стратешките набавки во Армијата во наредниот период.

Општество- По кусо боледување вчера почина Горан Гаврилов (54), основач и сопственик на Радио Канал 77 и порталот Македонски медиа сервис. Гаврилов беше основач и прв човек на Асоцијацијата на приватни електронски медиуми во Македонија (АПЕММ).

Претседателот на држава Стево Пендаровски смета дека има целосна логика во воведување на полицискиот час од 22 до 5 часот, бидејќи како што рече, тоа е на предлог на експертите. Тој испрати апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките.

КОВИД-19- Здравствените власти очекуваат сегашните рестрикции да дадат резултат иако продолжува трендот на зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. Состојбата внимателно се следи и од епидемиолошката состојба ќе зависи дали ќе има нови мерки.

Во земјава продолжува вакцинацијата на здравствените работници со 3 000 вакцини набавени од Русија, како и ревакцинацијата со Фајзер што беа добиени преку Србија. До крајот на месецов се очекува да пристигнат и околу 40 000 дози од Фајзер и АстраЗенека, со што ќе стартува и масовната имуниазацијата на населението.

Зелени- Над 13.000 тони опасен линдан лежат во малата депонија во ОХИС и четирипати повеќе (над 50.000 тони) во големата, а не се знае уште колку илјадници тони канцерогена хемикалија има во другите две депонии, едната во дворот на некогашната фабрика, а другата надвор од неа, кај локалитетот Пеленица близу Драчево.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Не треба сега тие да се лутат и да протестираат кога се жртви на оваа долна провокација на Каракачанов наменета за нивна политичка компромитација. Оти, целата пропагандна опозициска машинерија ревносно и алармантно ги пренесуваше, засилени со партиски соопштенија и апокалиптични прес-конференции, сите националистички навреди и клевети на Каракачанов кога им одговараше да покажат дека политиката за добрососедство на Заев не дава резултати и дека е „предавничка“ – да, тогаш го ценеа и фактот на официјалната позиција на Каракачанов како потпретседател на Бугарската влада. Ама, тој и сега е истиот и на истата позиција (да се надеваме, не за долго), само што целта не му е Заев и неговата политика, туку пропагандниот „демолишн бенд“ од врвот на „побратимите“ од македонското ВМРО“ пишува Сашо Орданоски во колумната „Апостолите на политичката лага“.

И.К.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ